Karlův most

( Карлов мост )

Карлов мост (чешки: Karlův most) — историски мост на реката В’лтава во Прага, Чешка. Почнал да се гради во 1357 г. под покровителство на светиот римски цар Карло IV, а завршен на почетокот на XV век. Изграден е како замена за стариот Јудитин мост (изг. 1158–1172) кој претрпел големи штети во поплавата од 1342 г. Сè до 1870 г. мостот го носел името Камен мост (Kamenný most) или Прашки мост (Pražský most). Во минатото, градбата уживала големо значење како единствен премин преку В’лтава во Прага (сè до 1841 г.), поврзувајќи ги Прашкиот и Стариот град и неговата околина. Ова овозможувало клучна врска во трговијата помеѓу Источна и Западна Европа.

Мостот е долг 621 м, а широк околу 10 м, по пример на Камениот мост во Регенсбург. Има 16 лака, под кои стојат заштитни мразобрани. Има три мостобрани — два од Малата Страна и еден на страната на Стариот град. Староградскиот мостобран се смета за една од највпечатливите гот...Read more

Карлов мост (чешки: Karlův most) — историски мост на реката В’лтава во Прага, Чешка. Почнал да се гради во 1357 г. под покровителство на светиот римски цар Карло IV, а завршен на почетокот на XV век. Изграден е како замена за стариот Јудитин мост (изг. 1158–1172) кој претрпел големи штети во поплавата од 1342 г. Сè до 1870 г. мостот го носел името Камен мост (Kamenný most) или Прашки мост (Pražský most). Во минатото, градбата уживала големо значење како единствен премин преку В’лтава во Прага (сè до 1841 г.), поврзувајќи ги Прашкиот и Стариот град и неговата околина. Ова овозможувало клучна врска во трговијата помеѓу Источна и Западна Европа.

Мостот е долг 621 м, а широк околу 10 м, по пример на Камениот мост во Регенсбург. Има 16 лака, под кои стојат заштитни мразобрани. Има три мостобрани — два од Малата Страна и еден на страната на Стариот град. Староградскиот мостобран се смета за една од највпечатливите готски градби во светот. По мостот се наредени 30 статуи, претежно во барокен стил, подигнати околу почетокот на XVIII век, а денес заменети со реплики.

Поправките започнуваат кон крајот на 2019 г. и траат 20 години.

Photographies by:
Statistics: Position
2500
Statistics: Rank
147433

Add new comment

CAPTCHA
Security
463258719Click/tap this sequence: 2525
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Карлов мост ?

Booking.com

What can you do near Карлов мост ?

8.722.404 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 8.542 visits today.