Прашки град или Прашки замок (чешки: Pražský hrad) — утврден комплекс во Прага со почетоци во IX век. Порано бил седиште на кралевите на Чешка, светите римски цареви и претседателите на Чехословачка, а денес е седиште на претседателот на Чешката Република. Во скриена одаја на Прашкиот град се чува кралскиот накит на Чешка со познатата Световацлавска круна.
Според Гинисовата книга на рекорди, ова е најголемиот замок на светот со површина од 70.000 м2. Комплексот е долг 570 м и има просечна ширина од 130 м.
Add new comment