Hlava Franze Kafky

( Глава на Франц Кафка )

Глава на Франц Кафка (чешки: Hlava Franze Kafky), исто така позната како Статуа на Кафка, е скулптура поставена на отворено од вајарот Дејвид Черни.

Скулптурата се наоѓа пред трговскиот центар Куадрио, во центарот на Прага, Чешка.

Скулптурата е висока 10,6 метри и е конструирана од 42 ротирачки панели, изработени од сјаен метал којшто е во вид на огледални површини. Секој панел ротира пооделно. Во текот на денот, скулптурата не само што е динамична - кинетична, со одредени визуелни и композициски промени туку во својата движечка и постојано променлива содржина и преобразба алудира на едно од попознатите дела на Франц Кафка „Преобразби“.

Поставена е во октомври 2014 година.

Скулптурата е висока 10,6 метри, широка 2,8 метри - постаментот е изработен од не'рѓосувачки челик со огледален одсјај а самата скулптура е тешка 39 тони. Скулптурата ротира со максимална брзина од 6 вртежи во минута. Брзината на вртењето на панелит...Read more

Глава на Франц Кафка (чешки: Hlava Franze Kafky), исто така позната како Статуа на Кафка, е скулптура поставена на отворено од вајарот Дејвид Черни.

Скулптурата се наоѓа пред трговскиот центар Куадрио, во центарот на Прага, Чешка.

Скулптурата е висока 10,6 метри и е конструирана од 42 ротирачки панели, изработени од сјаен метал којшто е во вид на огледални површини. Секој панел ротира пооделно. Во текот на денот, скулптурата не само што е динамична - кинетична, со одредени визуелни и композициски промени туку во својата движечка и постојано променлива содржина и преобразба алудира на едно од попознатите дела на Франц Кафка „Преобразби“.

Поставена е во октомври 2014 година.

Скулптурата е висока 10,6 метри, широка 2,8 метри - постаментот е изработен од не'рѓосувачки челик со огледален одсјај а самата скулптура е тешка 39 тони. Скулптурата ротира со максимална брзина од 6 вртежи во минута. Брзината на вртењето на панелите се контролира од далечина , додека во алгоритмот на движењето се програмирани многу варијации.

На дното од скулптурата, постаментот, се наоѓаат мали огледала, создавајќи чувство илузија на лебдеење и бестежинска состојба. Навечер, скулптурата е осветлена со шарено осветлување, со што се добива специфична поетичност.

Вајарот Дејвид Черни е еден од истакнатите светски автори. Негово исто така позната дело, покрај Главата на Кафка е и кинетичката скулптура „Метаморфози“ во Шарлот (Северна Каролина), создадена во 2007 година.

Делото Главата на Кафка е негова најпозната вајарска творба. Според многу компоненти кои успеал да ги вгради, конструира и творечки да ги создаде, оваа дело има меѓународна афирмација и веќе е вброено во поистакнатите вајарски дела на 21-от век.

Photographies by:
Statistics: Position
2626
Statistics: Rank
116394

Add new comment

CAPTCHA
Security
167943528Click/tap this sequence: 4881
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Глава на Франц Кафка ?

Booking.com
8.827.606 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 2.124 visits today.