Демавенд (персиски: دماوند ) — највисока планина во Иран, од особено значење во персиската митологија и фолклор. Се наоѓа во средината на венецот Алборз и претставува највисок вулкан во Азија. Се смета за потенцијално активен поради фумаролите близу кратерот на врвот од кои излегува сулфур.
Планината е сместена недалеку од јужниот брег на Каспиското Езеро, во округот Амол, Мазендеран. Оддалечена е 66 км од Техеран.
Add new comment