Disneyland Paris

( Дизниленд Париз )

Дизниленд Париз, порано Еуро Дизни Ресорт, е туристички комплекс за одмор и рекреација кој се наоѓа во новосоздадениот град Marne-la-Vallée во источните предградијa на Париз, Франција.
Комплексот е сместен на 32км од центарот на Париз и најголемиот дел од него се наоѓа во општината Chessy, Seine-et-Marne.

Се состои од два забавни парка, продавници, места за забава, ресторани, како и седум хотели во сопственост на Дизни. Пуштен во функција од 12ти Април 1992 година, тој беше вториот отворен Дизни комплекс надвор од САД (пред него беше отворен само Дизни комплексот во Токио) и првиот што беше поседуван и управуван од страна на Дизни.

Дизниленд Париз го поседува и управува француската компанија „Euro Disney S.C.A.ˮ, јавно претријатие на кое 39,78% од акциите ги држи компанијата Волт Дизни (The Walt Disney Company), 10% ги држи принцот Алвалид од Саудиска Арабија и 50,22% им припаќаат на други акционери. Главен управител на комплексот е Филип Гас, претседа...Read more

Дизниленд Париз, порано Еуро Дизни Ресорт, е туристички комплекс за одмор и рекреација кој се наоѓа во новосоздадениот град Marne-la-Vallée во источните предградијa на Париз, Франција.
Комплексот е сместен на 32км од центарот на Париз и најголемиот дел од него се наоѓа во општината Chessy, Seine-et-Marne.

Се состои од два забавни парка, продавници, места за забава, ресторани, како и седум хотели во сопственост на Дизни. Пуштен во функција од 12ти Април 1992 година, тој беше вториот отворен Дизни комплекс надвор од САД (пред него беше отворен само Дизни комплексот во Токио) и првиот што беше поседуван и управуван од страна на Дизни.

Дизниленд Париз го поседува и управува француската компанија „Euro Disney S.C.A.ˮ, јавно претријатие на кое 39,78% од акциите ги држи компанијата Волт Дизни (The Walt Disney Company), 10% ги држи принцот Алвалид од Саудиска Арабија и 50,22% им припаќаат на други акционери. Главен управител на комплексот е Филип Гас, претседател и извршен директор.

Комплексот бил предмет на препирања во периодот кога се договарала неговата изградба кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите, кога голем број истакнати личности од Франција изразиле спротивставување а биле одржувани и протести од страна на француските синдикати и други бунтовници. Уште една пречка по отворањето на комплексот било тоа што бројот на посетители на паркот, резервации во хотелите и приходите бил многу помал отколку што се предвидувал. Комплексот бил преименуван од Евродизниленд (Euro Disney Resort) во Дизниленд Париз (Disneyland Paris) во 1994 година. Во Јули, 1995 година, компанијата ја доживеала својата прва квартална добивка.

Вториот забавен парк Студијата на Волт Дизни (Walt Disney Studios Park) бил отворен за јавноста на 16ти март 2002 година. Со 15.405 посетители на двата парка Disneyland и Walt Disney Studios, во фискалната 2009 година, овие паркови биле најпосетуваните туристички места во Франција па и во Европа.

Photographies by:
LoganRich - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
2928
Statistics: Rank
40840

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
719432586Click/tap this sequence: 9632

Google street view

Where can you sleep near Дизниленд Париз ?

Booking.com
487.376 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 2 visits today.