Cathédrale Notre-Dame de Paris

( Богородична црква (Париз) )

Богородична црква или Нотр Дам (француски: Notre Dame de Paris) — готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.

Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани (надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (попула...Read more

Богородична црква или Нотр Дам (француски: Notre Dame de Paris) — готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.

Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани (надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин.

За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед.

На 15 април 2019 година избувнал пожар во катедралата предизвикувајќи огромна штета.

Photographies by:
Statistics: Position
1403
Statistics: Rank
86785

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
164278539Click/tap this sequence: 5488

Google street view

Where can you sleep near Богородична црква (Париз) ?

Booking.com
483.131 visits in total, 9.176 Points of interest, 404 Destinations, 53 visits today.