Сиера Леоне
Context of Сиера Леоне
Сиера Леоне (англиски: Sierra Leone), или официјално Република Сиера Леоне (англиски: Republic of Sierra Leone) — држава во Западна Африка. Сиера Леоне се граничи со Гвинеја на североисток, Либерија на југоисток, а на југозапад излегува на Атлантскиот Океан. Сиера Леоне е уставна република, каде на непосредни избори се избира ценстралната и локалната власт. Сиера Леоне има тропска клима со разновидни земјишни облици, од савани до прашуми. Државата има вкупна површина од 71.740 км2 со проценето население од околу 6 милиони (2011). Главен и најголем град во државата е Фритаун.
Населението на Сиера Леоне е составено од 16 различни етнички групи. Сепак, најголеми и највлијателни етнички групи во државата се Темнејците и Мендејците. Темнејците живеат воглавно во северот, а Мендејците во југоистокот на државата.
Службен јазик во Сиера Леоне е англискиот. Англискиот се користи и во училиштата...Read more
Сиера Леоне (англиски: Sierra Leone), или официјално Република Сиера Леоне (англиски: Republic of Sierra Leone) — држава во Западна Африка. Сиера Леоне се граничи со Гвинеја на североисток, Либерија на југоисток, а на југозапад излегува на Атлантскиот Океан. Сиера Леоне е уставна република, каде на непосредни избори се избира ценстралната и локалната власт. Сиера Леоне има тропска клима со разновидни земјишни облици, од савани до прашуми. Државата има вкупна површина од 71.740 км2 со проценето население од околу 6 милиони (2011). Главен и најголем град во државата е Фритаун.
Населението на Сиера Леоне е составено од 16 различни етнички групи. Сепак, најголеми и највлијателни етнички групи во државата се Темнејците и Мендејците. Темнејците живеат воглавно во северот, а Мендејците во југоистокот на државата.
Службен јазик во Сиера Леоне е англискиот. Англискиот се користи и во училиштата. Сепак, најзборуван е креолскиот јазик крио. Јазикот е мешавина на англискиот и староседелскиоте африкански јазици. Овој јазик е главен меѓуетнички јазик и го зборуваат околу 90% од населението на државата.