Гана
Context of Гана
Гана (англиски: Ghana) или официјално Република Гана (Republic of Ghana) е држава во Западна Африка. Гана на запад граничи со Брегот на Слоновата Коска, на север со Буркина Фасо и на исток со Того. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Името на државата значи „крал воин“ и потекнува од Ганското Царство. Главен град на државата е Акра и службен јазик е англискиот.
Гана била населена пред колонизацијата, најмногу од Акани и акански кралства на источниот брег, додека во внатрешноста била Ашантското Царство, царството на Фанте и уште неколку други царства како тие на народите Га или Еве. По доаѓањето на Португалците во XV век, трговијата со Европејците започнала, додека во 1874 година Гана била британска колонија позната како Златен Брег
Златниот Брег се стекнал со независност во 1957 година и станала прва суп-сахарска африканска држава која се стекнала со независност и името „Гана“ било избрано за име н...Read more
Гана (англиски: Ghana) или официјално Република Гана (Republic of Ghana) е држава во Западна Африка. Гана на запад граничи со Брегот на Слоновата Коска, на север со Буркина Фасо и на исток со Того. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Името на државата значи „крал воин“ и потекнува од Ганското Царство. Главен град на државата е Акра и службен јазик е англискиот.
Гана била населена пред колонизацијата, најмногу од Акани и акански кралства на источниот брег, додека во внатрешноста била Ашантското Царство, царството на Фанте и уште неколку други царства како тие на народите Га или Еве. По доаѓањето на Португалците во XV век, трговијата со Европејците започнала, додека во 1874 година Гана била британска колонија позната како Златен Брег
Златниот Брег се стекнал со независност во 1957 година и станала прва суп-сахарска африканска држава која се стекнала со независност и името „Гана“ било избрано за име на новата држава како наследник на Ганското Царство која владеела со голем дел од Западна Африка. Државата е втор најголем производител на какао во светот.