Гвинеја-Бисао
Context of Гвинеја-Бисао
- Ова е статија за државата во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Гвинеја-Бисао или „Гвинеја-Бисау“ (португалски: Guiné-Bissau) или официјално Република Гвинеја-Бисао или Република Гвинеја-Бисау (República da Guiné-Bissau) е држава во Западна Африка. Државата се граничи со Сенегал на север и со Гвиенја на југ и исток. На запад, Гвинеја-Бисао излегува на Атланскиот Океан. Главен и најголем град во државата е Бисао и службен јазик е португалскиот јазик.
Вкупната површина на Гвинеја-Бисао е 36.125 км2 со вкупно население од 1.611.000 жители. Порано државата била португалска колонија и била позната под името Португалска Гвинеја. Со независноста државата го прифатила името Гвинеја, но за да се разликува од соседната Гвинеја на своето име го додала името на главниот град. БНП по глава на жител на Гвинеја-Бисао е едно од најниските во светот.