Context of Сибир

Сибир (руски: Сибирь) — огромна област во северниот дел на Азија, во состав на Русија. Тој се протега од планината Урал на запад до Тихиот Океан на исток и ги опфаќа Средносибирската Висорамнина и источносибирските планини. Во своите природни граници, Сибир зафаќа 11 милиони км2, со преку 30 милиони жители. По своите природни карактеристики се дели на две различни области: Западен Сибир - од Урал до реката Енисеј, кој претставува една пространа низина (Западносибирска Низина, најголема во светот) и Источен Сибир - источно од Енисеј, област со ридови, висорамнини и планиниски венци со голема височина. Сибир излегува на бреговите на Северниот Леден Океан и поларните мориња: Карско, Лаптевско, Источносибирско, Чукотско, Берингово, Охотско и Јапонско Море.

Where can you sleep near Сибир ?

Booking.com
487.355 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 40 visits today.