Context of Казахстан

Казахстан (казашки: Қазақстан, руски: Казахстан), службено Република Казахстан (казашки: Қазақстан Республикасы; руски: Республика Казахстан) — независна држава во Средна Азија и делумно во Источна Европа. Казахстан е најголемата држава во светот без излез на море, а деветта најголема држава во светот по површина со своите 2 724 900 километри квадратни. Казахстан е трансконтинентална држава, каде голем дел од источните и средишните предели се наоѓаат во Азија, а делови од западните предели се во Европа. Казахстан е најдоминантна држава во економска смисла во Средна Азија, која придонесува со 60% од БНП на регионот. Тоа се должи првенствено на индустријата со нафта и гас, но и големите количини природни ресурси.

Официјално државата е демократска, секуларна и уставна република со богато културно наследство. Казахстан се граничи со Русија, Кина, ...Read more

Казахстан (казашки: Қазақстан, руски: Казахстан), службено Република Казахстан (казашки: Қазақстан Республикасы; руски: Республика Казахстан) — независна држава во Средна Азија и делумно во Источна Европа. Казахстан е најголемата држава во светот без излез на море, а деветта најголема држава во светот по површина со своите 2 724 900 километри квадратни. Казахстан е трансконтинентална држава, каде голем дел од источните и средишните предели се наоѓаат во Азија, а делови од западните предели се во Европа. Казахстан е најдоминантна држава во економска смисла во Средна Азија, која придонесува со 60% од БНП на регионот. Тоа се должи првенствено на индустријата со нафта и гас, но и големите количини природни ресурси.

Официјално државата е демократска, секуларна и уставна република со богато културно наследство. Казахстан се граничи со Русија, Кина, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, и исто така има излез на Касписко Езеро. Географската разновидност на државата вклучува низини, степи, тајги, кањони, планини, делти и пустини. Според проценките за 2018 година, Казахстан има население од 18,3 милиони жители. Имајќи ги предвид бројот на население и вкупната површина се увидува дека Казахстан спаѓа во групата на држави со слаба населеност. Главен град на Казахстан е Нур-Султан (порано: Астана), а најголем град, кој воеднo бил и главен град, е Алмати.

Територијата на Казахстан била историски населена од различни турски (туркиски) номади кои биле под управа на различни турски држави. Во 13 век територијата потпаднала под монголска управа во рамките на Монголското Царство под раководство на Џингис Хан. До 16 век Казаците се оформиле како посебна етничка група, поделени на три подгрупи односно територијално потекло. Русите започнале да навлегуваат во казашките степи во 18 век и до средината на 19 век во пракса ја контролирале целата територија на Казахстан. Тогаш Казахстан потпаднал под управа на Руската Империја. По Руската револуција од 1917 година територијата на Казахстан била преуредувана под различни автономни единици. Менувањето на локалните автономни управи завршило со основањето на Казашката Советска Социјалистичка Република во 1936, како интегрален дел на Советскиот Сојуз.

Казахстан била последната советска република која објавила независност за време на распадот на СССР во 1991 година. Сегашниот претседател на републиката, Нурсултан Назарбаев, е водач на државата уште од тој период. Назарбаев ја направил државата авторитарна, со богата историја на владина злоупотреба на човековите права и потиснување на опозицијата. Казахстан вложил труд за развојот на економијата. Голем број светски организации имаат остри критики за состојбата со човековите права во државата, меѓу кои слободата на говор и вероисповед.

Според пописот од 2009 година, во државата најголема етничка група се Казаците со 63%, а потоа следуваат побројните Руси, следени од Узбеци, Украинци, Германци, Татари и Ујгури. Околу 70% од населението се муслимани, а 26% се Христијани. Службени јазици во државата се казашки и руски.

More about Казахстан

Basic information
Population, Area & Driving side
  • Population 19002586
  • Area 2724900
  • Driving side right

Where can you sleep near Казахстан ?

Booking.com
489.385 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 23 visits today.