Бајкалското Езеро е најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 1.741 метар.

Бајкалското е надлабоко езеро во светот и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот. Езерото е долго 636 км и околу широко 50 км. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години, и затоа е најстаро езеро во светот. Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5 сантиметри. Бајкалското Езеро на западната страна е ограничено со планини, на источниот брег има зарамнени падини. Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7 км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по должината на неговиот источен брег...Read more

Бајкалското Езеро е најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 1.741 метар.

Бајкалското е надлабоко езеро во светот и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот. Езерото е долго 636 км и околу широко 50 км. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години, и затоа е најстаро езеро во светот. Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5 сантиметри. Бајкалското Езеро на западната страна е ограничено со планини, на источниот брег има зарамнени падини. Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7 км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по должината на неговиот источен брег, од многуте реки, како што се Баргузин и Селенга, кои при вливот на езерото прават делта. Бајкалското Езеро добива вода и од врелите слатководни подземни извори во езерското корито. Иркутск се наоѓа во близината на јужниот дел на езерото, на местото од каде истекува реката Ангара, единствениот истек од езерото. Езерото е замрзнато шест месеци во текот на годината.

Коритото на езерото е толку големо што на сите реки во светот би им требало една година за да го наполнат. Инаку, во езерото се влеваат над 300 реки, а само една третина од дотекот на вода се излева од езерото преку реката Ангара.

Photographies by:
Sergey Pesterev - CC BY-SA 4.0
Артём Полоз - CC BY-SA 3.0
de:Benutzer:Sansculotte - CC BY-SA 2.0 de
Statistics: Position
122
Statistics: Rank
400107

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
531798426Click/tap this sequence: 9465

Google street view

Where can you sleep near Бајкалско Езеро ?

Booking.com
489.981 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 30 visits today.