Context of Саудиска Арабија

Саудиска Арабија, официјално Кралство Саудиска Арабија (арапски: ٱلسَّعُوْدِيَّة) — земја во Западна Азија што претставува најголем дел од Арапскиот Полуостров. Со површина од приближно 2.150.000 км2, Саудиска Арабија е географски најголема суверена држава во Западна Азија, втора по големина во Арапскиот свет (по Алжир), петта по големина во Азија и 12-та по големина во светот. Саудиска Арабија се граничи со Јордан и Ирак на север, Кувајт на североисток, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати на исток, Оман на југоисток и Јемен на југ. Земјата е одделена од Синај (Египет) на северозапад со Акапскиот Залив. Саудиска Арабија е единствената земја и со крајбрежје на Црвеното Море и со крајбрежје на Персискиот Залив, а поголемиот дел од нејзината територија се состои од сушна пустина, низини и планини. Од октомври 2018 година, саудиската економија била најголема на Блискиот Исток и 18-та по големина во светот. Саудиска Арабија исто та...Read more

Саудиска Арабија, официјално Кралство Саудиска Арабија (арапски: ٱلسَّعُوْدِيَّة) — земја во Западна Азија што претставува најголем дел од Арапскиот Полуостров. Со површина од приближно 2.150.000 км2, Саудиска Арабија е географски најголема суверена држава во Западна Азија, втора по големина во Арапскиот свет (по Алжир), петта по големина во Азија и 12-та по големина во светот. Саудиска Арабија се граничи со Јордан и Ирак на север, Кувајт на североисток, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати на исток, Оман на југоисток и Јемен на југ. Земјата е одделена од Синај (Египет) на северозапад со Акапскиот Залив. Саудиска Арабија е единствената земја и со крајбрежје на Црвеното Море и со крајбрежје на Персискиот Залив, а поголемиот дел од нејзината територија се состои од сушна пустина, низини и планини. Од октомври 2018 година, саудиската економија била најголема на Блискиот Исток и 18-та по големина во светот. Саудиска Арабија исто така има едно од најмладото население на светот, приближно 50 проценти од нејзиното население од 34,2 милиони е под 25 години.

Територијата што денес ја сочинува Саудиска Арабија во минатото претставувала место на неколку антички култури и цивилизации. Праисторијата на Саудиска Арабија покажува некои од најраните траги на човечка активност во светот. Втората по големина религија во светот, исламот, се појавила во денешна Саудиска Арабија. Во почетокот на 7 век, исламскиот пророк Мухамед го обединил населението во Арабија и создал единствено исламско религиозно водство.. По неговата смрт во 632 година, неговите следбеници брзо ја прошириле територијата под муслиманска власт надвор од Арабија, освојувајќи огромни и невидени територии (од Пиринејскиот Полуостров на запад до денешен Пакистан на исток) за неколку децении. Арапските династии кои потекнуваат од денешна Саудиска Арабија владееле преку Праведниот Калифат (632-661), Омејадскиот Калифат (661-750), Абасидскиот Калифат (750-1517) и Фатимидскиот Калифат (909-1171), како и бројни други династии во Азија, Африка и Европа.

Областа на денешна Саудиска Арабија порано се состоела од главно четири различни региони: Хеџаз, Наџд и делови од Источна Арабија (Ал-Ахса) и Јужна Арабија (Асир). Кралството Саудиска Арабија било основано во 1932 година од Абдул Азиз бин Сауд. Тој ги обединил четирите региони во единствена држава преку низа освојувања кои започнале во 1902 година со заземањето на Ријад, домот на предците на неговото семејство, династијата Сауд. Од тогаш Саудиска Арабија е тоталитарна апсолутна монархија, ефективно наследна диктатура управувана по исламистички линии.. Ултраконзервативното вехабистичко верско движење во рамките на сунитскиот ислам е наречено „преовладувачка одлика на саудиската култура“, со неговото глобално ширење во голема мерка финансирано од трговија со нафта и гас. Саудиска Арабија понекогаш се нарекува „Земја на двете свети џамии“ бидејќи во земјата се наоѓаат Месџид ел-Харам (во Мека) и џамијата на Пророкот (во Медина), двете најсвета места во исламот. Официјален јазик на државата е арапски.

Нафтата била откриена на 3 март 1938 година и следена од неколку други откритија во источната провинција. Од тогаш Саудиска Арабија станала втор најголем производител на нафта во светот (зад САД) и најголем извозник на нафта во светот, контролирајќи ги вторите најголеми резерви на нафта во светот и земјата се наоѓа на шесто место според најголеми резерви на гас. Кралството се категоризира со економија со високи приходи според Светска банка, но и со многу висок индекс на човековиот развој и е единствената арапска земја што е дел од најголемите економии на Г-20.

Државата привлекла критики од различни причини, вклучително: нејзината улога во граѓанската војна во Јемен, спонзорството на исламскиот тероризам, неуспехот да се донесат соодветни мерки против трговијата со луѓе и лошите податоци за човекови права, што се карактеризира со проблематичен третман кон жените, прекумерна и честопати вонсудска употреба на смртна казна, спонзорирана од државата дискриминација кон религиозните малцинства и атеисти, расизам и антисемитизам, кои се санкционирани од државата, и строгото толкување на шеријатскиот закон.

Кралството троши 8% од својот БДП на војската (највисоко во светот по Оман), што ја прави трет најголем воен потрошувач на светот, веднаш зад Кина и САД, и најголем увозник на оружје во светот во периодот од 2015 до 2019 година, примајќи половина од целиот извоз на оружје од САД на Блискиот Исток. Според Меѓународниот центар за конверзија во Бон, Саудиска Арабија е 28-та милитаризирана земја во светот и квалитативно ужива во најдобрата воена опрема во регионот, веднаш по Израел. Сепак, во последниве години постојат постојани повици за стопирање на продажбата на оружје кон Саудиска Арабија, главно поради наводни воени злосторства во Јемен и особено по убиството на Џамал Кашогџи.

Саудиска Арабија се смета за регионална и средна сила. Покрај тоа што е член на Советот за соработка во Заливот, земјата е активна и основачка членка на Обединетите нации, Организацијата за исламска соработка, Арапската лига, ОПЕК и е исто така голем сојузник на НАТО.

More about Саудиска Арабија

Basic information
  • Calling code +966
  • Internet domain .sa
  • Mains voltage 230V/60Hz
  • Democracy index 2.08
Population, Area & Driving side
  • Population 791105
  • Area 2250000
  • Driving side right

Where can you sleep near Саудиска Арабија ?

Booking.com
493.178 visits in total, 9.217 Points of interest, 405 Destinations, 79 visits today.