Context of Латвија

Латвија или Летонија (латвиски: Latvija; ливонски: Leţmō), официјално Република Латвија или Република Летонија (латвиски: Latvijas Republika; ливонски: Leţmō Vabāmō) — држава во Балтичкиот регион во Северна и Источна Европа. Латвија се граничи со Естонија на север, со Литванија на југ, со Русија на исток и со Белорусија на југоисток. На запад државата има излез на Балтичкото Море, преку кое поморски се граничи со Шведска. Вкупната површина на Латвија изнесува 64.589 км2.

Доминантна етничка група во Латвија се Латвијците и се дел од балтичката група на народи. Културно, Латвијците се поврзани со Естонците и Литванците, но не се генеолошки и лингвистички поврзани со Естонците. Мајчин јазик на Латвијците е латвискиот јазик кој е најголем и единствен службен јазик во Латвија. Литванскиот и латвискиот јазик се единствените...Read more

Латвија или Летонија (латвиски: Latvija; ливонски: Leţmō), официјално Република Латвија или Република Летонија (латвиски: Latvijas Republika; ливонски: Leţmō Vabāmō) — држава во Балтичкиот регион во Северна и Источна Европа. Латвија се граничи со Естонија на север, со Литванија на југ, со Русија на исток и со Белорусија на југоисток. На запад државата има излез на Балтичкото Море, преку кое поморски се граничи со Шведска. Вкупната површина на Латвија изнесува 64.589 км2.

Доминантна етничка група во Латвија се Латвијците и се дел од балтичката група на народи. Културно, Латвијците се поврзани со Естонците и Литванците, но не се генеолошки и лингвистички поврзани со Естонците. Мајчин јазик на Латвијците е латвискиот јазик кој е најголем и единствен службен јазик во Латвија. Литванскиот и латвискиот јазик се единствените сè уште живи балтички јазици. Латвија е и дом на големи нелатвиска заедница, пред сè на голема руска малцинска заедница.

Латвија е унитарна парламентарна демократија поделена на 118 општини. Најголем град во Латвија е Рига, кој воедно е и главен град на државата. Со своите 2.23 милиони жители, Латвија е најслабо населена држава во Европската Унија и со пад на населението од 14.9% од 1991 па до денес. Латвија е член на ООН од 17 септември 1991, потоа член на ЕУ од 1 мај 2004 и на НАТО од 29 март 2004 година.

По Втората светска војна, Латвија била под власт на СССР. Советската контрола на територијата на Латвија траела до 1991 година. По период од стагнација во раните 199о-ти, Латвија забележала голем пораст на БНП-от, особено во периодот од 1998 до 2006. За време на финансиската криза од 2008 до 2010 година, Латвија била една од најпогодените држави во ЕУ со пад на ПНД-от од 26.54%. БНП по глава на жител бил 49% од просекот на ЕУ во 2009 со што ја прави трета најсиромашна држава-членка на ЕУ.

Phrasebook

Здраво
Sveiki
Светот
Pasaule
Здраво свету
Sveika pasaule
Ви благодарам
Paldies
Збогум
Uz redzēšanos
Да
бр
Како си?
Kā tev iet?
Фино, благодарам
Labi, paldies
Колку е?
Cik daudz tas ir?
Нула
Nulle
Еден
Viens

Where can you sleep near Латвија ?

Booking.com
489.190 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 16 visits today.