Ķemeru nacionālais parks
( Кемери (национален парк) )Национален парк Кемери (латвиски: Ķemeru nacionālais parks) – национален парк во Латвија кој се наоѓа западно од градот Јурмала. Воспоставен во 1997 година, Кемери е најголемиот национален парк по површина во земјата, зафаќа површина од 381,65 км2. Територијата на паркот главно ја сочинуваат шуми (57%) и влажни зони (24%). Најважно е Големото Тресетиште Кемери (латвиски: Lielais Ķemeru tīrelis). Исто така има неколку езера, кои се поранешни лагуни од Литориновото Море. Езерото Каниерис е рамсарско место. Во рамките на паркот исто така се наоѓаат прочуените минерални извори и блата, кои се векови се користеле поради нивната терапевтска природа. Ова довело до развој на многу одморалишта, бањи и санаториуми во 19 век.
Photographies by:
Jolanta Liva - CC BY-SA 4.0
Zones
Statistics: Position
6705
Statistics: Rank
11231
Add new comment