Suomi
ФинскаContext of Финска
Финска (фински: Suomi; шведски: Finland), или службено Република Финска (Suomen tasavalta; Republiken Finland) — нордиска земја во Северна Европа, заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со Естонија. Оландските Острови, во близина на југозападниот брег се под фински суверенитет, но имаат и екстензивна автономија. Името на Финска на фински јазик е Суоми, додека на шведски е Финланд. Финска има само 5 милиони население сместено на територија на триста и четириесет илјади квадратни километри, што ја прави 162 по густина на население во светот. Се рангира тринаесетта во индексот на човековиот развој на Обединетите Нации во 2005.
Најголемиот дел на Финска е низок, благо ридест, шумовит крај со многу езера. Има околу 60.000 езера, реките се користат за пренесување на дрва. Големо еконо...Read more
Финска (фински: Suomi; шведски: Finland), или службено Република Финска (Suomen tasavalta; Republiken Finland) — нордиска земја во Северна Европа, заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со Естонија. Оландските Острови, во близина на југозападниот брег се под фински суверенитет, но имаат и екстензивна автономија. Името на Финска на фински јазик е Суоми, додека на шведски е Финланд. Финска има само 5 милиони население сместено на територија на триста и четириесет илјади квадратни километри, што ја прави 162 по густина на население во светот. Се рангира тринаесетта во индексот на човековиот развој на Обединетите Нации во 2005.
Најголемиот дел на Финска е низок, благо ридест, шумовит крај со многу езера. Има околу 60.000 езера, реките се користат за пренесување на дрва. Големо економско значење имаа и пловните канали. Најголемо природно богатство се шумите и затоа главно место во индустријата зазема преработката на дрва, производството на хартија, мебел и целулоза. Во густо населената приморска област се развил Хелсинки, главниот град и најголемо пристаниште со развиена индустрија.
Финците припаѓаат на угро-финската група народи и зборуваат на фински јазик. Во 1995 Финска станува членка на Европската Унија.
More about Финска
- Currency Евро
- Native name Suomi
- Calling code +358
- Internet domain .fi
- Mains voltage 230V/50Hz
- Democracy index 9.2
- Population 5563970
- Area 305396
- Driving side right