Context of Каталонија

Каталонија (каталонски: Catalunya; окситански: Catalonha; шпански: Cataluña; изворно изговарана како Каталуња) е автономна заедница на Шпанија и е службено признаена како народност. Каталонија е составена од четири покраини: Барселона, Жирона, Љејда и Тарагона. Главен и најголем град е Барселона, втор најголем град во Шпанија и средиште на една од најголемите метрополитенски области во Европа. Ја содржи најголемиот дел од територијата на поранешното кнежевство Каталонија, додека остатокот сега се наоѓа во Франција. Каталонија се граничи со Франција и Андора на север, Средоземното Море на исток и шпанските региони Арагон и Валенсија на запад и на југ соодветно. Службени јазици се каталонски, шпански и арански (окситански дијалект).

Во 10 век, источните грофовии на Шпанската марка станале независни од Франките, обединувајќи се како вазали на Барселона. Во 1137, Барселона и Ара...Read more

Каталонија (каталонски: Catalunya; окситански: Catalonha; шпански: Cataluña; изворно изговарана како Каталуња) е автономна заедница на Шпанија и е службено признаена како народност. Каталонија е составена од четири покраини: Барселона, Жирона, Љејда и Тарагона. Главен и најголем град е Барселона, втор најголем град во Шпанија и средиште на една од најголемите метрополитенски области во Европа. Ја содржи најголемиот дел од територијата на поранешното кнежевство Каталонија, додека остатокот сега се наоѓа во Франција. Каталонија се граничи со Франција и Андора на север, Средоземното Море на исток и шпанските региони Арагон и Валенсија на запад и на југ соодветно. Службени јазици се каталонски, шпански и арански (окситански дијалект).

Во 10 век, источните грофовии на Шпанската марка станале независни од Франките, обединувајќи се како вазали на Барселона. Во 1137, Барселона и Арагон ја создале Арагонската Круна и Каталонија станала седиште на арагонската поморска моќ во Средоземното Море. Во тоа време процветала средновековната каталонска литература. Помеѓу 1469 и 1516, круните на Арагон и Кастиља се обединиле и го создале Кралството Шпанија, меѓутоа ги задржале нивните различни институции. Во текот на Сегадорското востание (1640–52), Каталонија се спротивставила против Шпанија, станувајќи република под француска заштита. Со одредбите од Пиринејскиот договор во 1659, со кој завршила Франко-шпанската војна, Франција ги повратила северните делови на Каталонија, главно приклучени во Грофовијата Русијон. Во текот на Војната за шпанското наследство (1701–14), Арагонската Круна застанала против Филип V од Шпанија, чија последователна победа довела до укинување на каталонските институции и конечно воведување на шпанскиот јазик во јавниот живот.

И покрај репресијата и Наполеоновите и граѓанските војни, Каталонија доживеала економски раст и индустријализација. Во текот на втората половина на 19 век, областа имала културна ренесанса придружена со почетниот национализам, а воедно се појавиле и неколку работнички движења. Во 1913, четирите каталонски покраини создале Комонвелт и со појавувањето на демократијата во текот на Втората Шпанска Република (1931–39), бил повторно воспоставен Женералитатот на Каталонија. По Шпанската граѓанска војна, диктаторството на Франкова Шпанија донело репресивни мерки, укинувајќи ги каталонските институции и повторно забранувајќи го каталонскиот јазик. Во текот на 1950-тите и 1960-тите, Каталонија имала силен економски раст и станала важно туристичко одредиште, привлекувајќи многу работници од цела Шпанија и правејќи ја Барселона една од најголемите индустриски метрополитенски области во Европа. Од воведувањето на повторна демократија во Шпанија (1975–82) Каталонија добила политичка и културна автономија и сега е една од економски најразвиените региони на Шпанија. Каталонската влада ја објавила намерата да одржи референдум за можна независност од Шпанија во 2014.

More about Каталонија

Basic information
  • Currency Евро
  • Native name Catalunya
  • Internet domain .cat
  • Speed limit 120
  • Mains voltage 230V/50Hz
Population, Area & Driving side
  • Population 7747709
  • Area 31895
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
Hola
Светот
Món
Здраво свету
Hola món
Ви благодарам
Gràcies
Збогум
Adéu
Да
бр
No
Како си?
Com estàs?
Фино, благодарам
Bé gràcies
Колку е?
Quant costa?
Нула
Zero
Еден
Un

Where can you sleep near Каталонија ?

Booking.com
489.023 visits in total, 9.195 Points of interest, 404 Destinations, 69 visits today.