Context of Нигер

Оваа статија е за државата во Северна Африка. За истоимената река видете Нигер, а за државата со слично име видете Нигерија.

Нигер (официјално: Република Нигер француски: République du Niger) — независна држава во Западна Африка. Името на државата потекнува од името на реката Нигер. Нигер се граничи со Нигерија и Бенин на југ, со Буркина Фасо и Мали на запад, со Алжир и Либија на север и Чад на исток. Нигер има вкупна површина од 1,267,000 км2 и со тоа државата е една од најголемите во Северна и Западна Африка. 80 % од територијата на државата е пустина, односно Сахара. Нигер е дом на приближно 15 милиони жители, кои се воглавно населени во јужните и западните предели на земјата. Најголем град во Нигер е Нијамеј, кој воедно е и главен град на Републиката. Над 90% од населението се Муслимани, а службен јазик е францускиот.

Нигер се смета за земја во развој, и постојано се рангира како земја со најни...Read more

Оваа статија е за државата во Северна Африка. За истоимената река видете Нигер, а за државата со слично име видете Нигерија.

Нигер (официјално: Република Нигер француски: République du Niger) — независна држава во Западна Африка. Името на државата потекнува од името на реката Нигер. Нигер се граничи со Нигерија и Бенин на југ, со Буркина Фасо и Мали на запад, со Алжир и Либија на север и Чад на исток. Нигер има вкупна површина од 1,267,000 км2 и со тоа државата е една од најголемите во Северна и Западна Африка. 80 % од територијата на државата е пустина, односно Сахара. Нигер е дом на приближно 15 милиони жители, кои се воглавно населени во јужните и западните предели на земјата. Најголем град во Нигер е Нијамеј, кој воедно е и главен град на Републиката. Над 90% од населението се Муслимани, а службен јазик е францускиот.

Нигер се смета за земја во развој, и постојано се рангира како земја со најнизок Индекс за човеков равој, па така во 2011 била на 186 место од 187 земји. Поголем дел од непустинскиот дел на земјата подлегнува на периодична суша и опустошување. Економијата на земјата се заснова на земјоделството и извоз на некои земјоделски култури, како и извор на сурови минерали како што е ураниумот. Нигер се соочува со голем број проблеми и тоа придонесува за слаб економски пораст, а најмногу поради немање излез на море, големиот процент на пустина, слабото образование, сиромаштијата, недостатокот на инфраструктура, слабиот здравствен систем и уништувањето на средината.

Нигерското општество е испреплетено од различните култури и народи кои живеат во регионот, како и од поголемиот број историски држави. На територијата на Нигер имало неколку големи империи во минатото. Од независноста од Франција, Нигерците живееле под пет различни устави и три периоди доминирани од воени диктаторства. По воениот удар од 2010 година, Нигер се преобразил во демократска и повеќепартиска држава. Поголемиот дел од населението живее во рурални средини со слаб пристап до образовниот процес.

Where can you sleep near Нигер ?

Booking.com
489.981 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 30 visits today.