Габон
Context of Габон
Габон (француски: Gabon), офиц. Габонска Република (République Gabonaise) — држава во Централна Африка. Државата се граничи со Екваторска Гвинеја на северозапад, со Камерун на север и со Република Конго на исток и југ. На запад Габон излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Габон е 267.745 км2 со вкупно население од 1.475.000. Главен град на Габон е Либрвил.
Уште од независноста на Габон од Франција на 17 август 1960 година, Габон бил владеен од три претседатели. На почетокот на 1990-те во Габон се вовел повеќепартискиот систем и со новиот устав се дозволиле подемократски услови и институции. Поради помалиот број на жители и богатството од природни ресурси, Габон е една од најпросперитетните држави во регионот. Странските инвестиции се доста присутни и Габон е со највиок индекс за човековиот развој во супсахарска Африка