Context of Ангола

Ангола, официјално Република Ангола (португалски: República de Angola; конгоански: Repubilika ya Ngola), е земја во јужна Африка и се граничи со Намибија на југ, Демократска Република Конго на север и Замбија на исток. Државата се наоѓа на западниот брег на Атлантскиот Океан. Енклавата Кабинда се граничи со Република Конго и со Демократска Република Конго. Ангола била португалска колонија од XVI век до 1975 година. По осамостојувањето, Ангола била сцена на интензивна граѓанска војна од 1975 до 2002. Оваа земја е втора по големина производител на нафта и дијаманти во Супсахарска Африка, и покрај тоа, животниот век и смртноста на новороденчињата се меѓу најлошите во светот. Според Меѓународниот монетарен фонд, повеќе од 4 милијарди долари во нафтени приходи се исчезнати од Ангола во 2000-тите. Во август 2006 година, бил потпишан мировен договор со фракцијата на FLEC, сепаратистичка герилска група од Кабинда, кој сè уште е активен. Околу 65% од наф...Read more

Ангола, официјално Република Ангола (португалски: República de Angola; конгоански: Repubilika ya Ngola), е земја во јужна Африка и се граничи со Намибија на југ, Демократска Република Конго на север и Замбија на исток. Државата се наоѓа на западниот брег на Атлантскиот Океан. Енклавата Кабинда се граничи со Република Конго и со Демократска Република Конго. Ангола била португалска колонија од XVI век до 1975 година. По осамостојувањето, Ангола била сцена на интензивна граѓанска војна од 1975 до 2002. Оваа земја е втора по големина производител на нафта и дијаманти во Супсахарска Африка, и покрај тоа, животниот век и смртноста на новороденчињата се меѓу најлошите во светот. Според Меѓународниот монетарен фонд, повеќе од 4 милијарди долари во нафтени приходи се исчезнати од Ангола во 2000-тите. Во август 2006 година, бил потпишан мировен договор со фракцијата на FLEC, сепаратистичка герилска група од Кабинда, кој сè уште е активен. Околу 65% од нафтата на Ангола потекнува од тој регион.

Where can you sleep near Ангола ?

Booking.com
488.981 visits in total, 9.195 Points of interest, 404 Destinations, 27 visits today.