Context of Чад

За други значења, видете Чад (појаснување).

Чад (француски: Tchad, арапски: تشاد Tshād) или официјално Република Чад е држава во Северна Африка без излез на море. Државата граничи со Либија на север, Судан на исток, Централноафриканската Република на југ, Камерун и Нигерија на југозапад и Нигер на запад. Поради немањето на излез на море и со воглавно пустинска територија, Чад често се нарекува „мртвото срце на Африка“.

Чад е поделен на три големи географски региони: пустинска зона на север, Сехал во центарот и суданската савана на југ. Езерото Чад, според кое доаѓа и името на државата, е најголема водена површина во земјата и второ најголемо езеро во Африка. Највисок врв во Чад е Еми Куси во Сахара, додека најголем град е главниот град Нџамена. Во Чад живеат над 200 етнички заедници и јазични групи. Службени јазици се францускиот и арапскиот јазик.

На поч...Read more

На почетокот на 7 милениум п.н.е. големи групи луѓе се преселиле кон чадскиот басен. Во 1 милениум п.н.е. се појавиле и првите држави или организирани општествени групи. Во 1920 година Франција ја окупирала територијата и ја приклучила кон колонијата Француска Екваторска Африка.

Во 1960 година Чад се стекнал со независност под водство на Франсоа Томбалбаје. Набрзо избувнала граѓанската војна во Чад во 1965 година која траела долго.

Иако Чад има многу политички партии, моќта во земјата е во рацете на претседателот Идрис Деби и неговата Патриотско движење за спас.

More about Чад

Basic information
  • Calling code +235
  • Internet domain .td
  • Mains voltage 220V/50Hz
  • Democracy index 1.55
Population, Area & Driving side
  • Population 19319064
  • Area 1284000
  • Driving side right

Where can you sleep near Чад ?

Booking.com
8.713.756 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 3.761 visits today.