Context of Берлин

Берлин (германски: Berlin) — главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3,45 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија. Тој е втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија. Се наоѓа во североисточна Германија и е центар на метрополитенската област Берлин-Бранденбург. Во Берлин живеат 5 милиони луѓе од над 190 земји.. Географски, градот се наоѓа во Европската рамница и затоа е под влијание на умерената сезонска клима. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера.

Првите податоци за градот потекнуваат од XIII век. Берлин бил едноподруго главен град на Кралството Прусија (1701 — 1918), на Германското Царство (1871 — 1918), на Вајмарската Република (1919 — 1933) и на Третиот Рајх (1933 — 1945). Во текот на 1920-тите години, Берлин бил трето градско подрачје по големина во светот. По Втората светска војна градот бил п...Read more

Берлин (германски: Berlin) — главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3,45 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија. Тој е втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија. Се наоѓа во североисточна Германија и е центар на метрополитенската област Берлин-Бранденбург. Во Берлин живеат 5 милиони луѓе од над 190 земји.. Географски, градот се наоѓа во Европската рамница и затоа е под влијание на умерената сезонска клима. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера.

Првите податоци за градот потекнуваат од XIII век. Берлин бил едноподруго главен град на Кралството Прусија (1701 — 1918), на Германското Царство (1871 — 1918), на Вајмарската Република (1919 — 1933) и на Третиот Рајх (1933 — 1945). Во текот на 1920-тите години, Берлин бил трето градско подрачје по големина во светот. По Втората светска војна градот бил поделен. Источен Берлин станал главен град на Источна Германија, додека Западен Берлин, со Берлинскиот ѕид (1961 — 1989), всушност бил опкружен од странска земја т.е. од Источна Германија. По Германското обединување во 1990 година, градот си го вратил својот статус како главен град на Германија и домаќин на 147 странски амбасади.

Берлин е светски град на културата, политиката, медиумите и науката. Неговата економија првенствено се заснова на услужниот сектор и опфаќа разновиден спектар на креативни индустрии, медиумски корпорации, конгресни и конвенциски центри. Берлин претставува континентален центар за воздушениот и железничкиот сообраќај, и еден од најпосетените туристички центри во ЕУ. Значајни индустриски гранки во градот се: информатичката технологија, фармацевтското производство, биомедицинското инженерство, биотехнологијата, оптоелектрониката, сообраќајниот инженеринг и обновливата енергија.

Метрополата е дом на светски реномирани универзитети, истражувачки институти, спортски настани, оркестри, музеи, а во неа живеат и многу познати личности. Со своето урбаното и историско наследство, градот ги привлекува и меѓународните филмски продукции. Берлин е познат по своите фестивали, разновидната архитектура, ноќниот живот, современата уметност, јавната сообраќајна мрежа како и по високиот квалитет на живеење. Либералниот начин на живеење и модерниот дух на времето ги привлекува младите луѓе и уметниците од целиот свет.

More about Берлин

Where can you sleep near Берлин ?

Booking.com
8.718.319 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 4.457 visits today.