Berliner Mauer

( Берлински ѕид )

Берлински ѕид (германски: Berliner Mauer) — граничен ѕид изграден во 1961 г. од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Ѕидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Ѕидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961 г. Ненадејната градба на ѕидот предизвикала многу семејства да останат поделени. Ѕидот бил целосно урнат кон крајот на 1989 г., освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време. Во текот на 28-годишната поделба, најмалку 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин. Некои тврдат дека таа бројка изнесува повеќе од 200. Источногерманската власт им дала наредба на...Read more

Берлински ѕид (германски: Berliner Mauer) — граничен ѕид изграден во 1961 г. од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Ѕидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Ѕидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961 г. Ненадејната градба на ѕидот предизвикала многу семејства да останат поделени. Ѕидот бил целосно урнат кон крајот на 1989 г., освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време. Во текот на 28-годишната поделба, најмалку 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин. Некои тврдат дека таа бројка изнесува повеќе од 200. Источногерманската власт им дала наредба на граничарите да пукаат на бегалците.

Кога на 9 ноември 1989 г., по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.

Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990 г.

Photographies by:
Statistics: Position
1760
Statistics: Rank
70788

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
834791562Click/tap this sequence: 6116

Google street view

Where can you sleep near Берлински ѕид ?

Booking.com
489.194 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 20 visits today.