Brandenburger Tor

( Бранденбуршка порта )

Бранденбуршката порта (германски: Brandenburger Tor) — поранешна градска порта, повторно изградена кон крајот на 18 век како неокласична триумфална порта и сега е една од најпознатите знаменитости на Германија. Се наоѓа западно од центарот во Берлин на раскрсницата на улиците Унтер ден Линден и Ебертштрасе, веднаш до Парискиот плоштад. На север се наоѓа зградата на Рајхстагот. Портата претставува монументален влез кон Унтер ден Линден, познат булевар со липи, кои порано воделе директно до Градскиот дворец на пруските монарси. Била изградена по наредба на кралот Фридрих Вилхелм II како знак на мир од страна на Карл Готхард Лангханс во периодот помеѓу 1788-1791. Била значително оштетена во Втората светска војна, поради што била целосно обновена од 2000 до 2002 од германското здружение за заштита на спомениците. Во текот на повоената поделба на Германија, портата била изолирана и непристапна и служела како дел од Берлинскиот ѕид, а областа околу пор...Read more

Бранденбуршката порта (германски: Brandenburger Tor) — поранешна градска порта, повторно изградена кон крајот на 18 век како неокласична триумфална порта и сега е една од најпознатите знаменитости на Германија. Се наоѓа западно од центарот во Берлин на раскрсницата на улиците Унтер ден Линден и Ебертштрасе, веднаш до Парискиот плоштад. На север се наоѓа зградата на Рајхстагот. Портата претставува монументален влез кон Унтер ден Линден, познат булевар со липи, кои порано воделе директно до Градскиот дворец на пруските монарси. Била изградена по наредба на кралот Фридрих Вилхелм II како знак на мир од страна на Карл Готхард Лангханс во периодот помеѓу 1788-1791. Била значително оштетена во Втората светска војна, поради што била целосно обновена од 2000 до 2002 од германското здружение за заштита на спомениците. Во текот на повоената поделба на Германија, портата била изолирана и непристапна и служела како дел од Берлинскиот ѕид, а областа околу портата била најмногу користена од медиумите при падот на Ѕидот во 1989.

Во текот на нејзиното постоење, Бранденбуршката порта често била дел од големи историски настани и денес е сметана како симбол за бурната европска историја, но исто така и пример за европското обединување и мир.

Photographies by:
Thomas Wolf, www.foto-tw.de - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
525
Statistics: Rank
326827

Add new comment

CAPTCHA
Security
134726985Click/tap this sequence: 2622
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Бранденбуршка порта ?

Booking.com
8.828.837 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 3.355 visits today.