Australia
АвстралијаContext of Австралија
- Оваа страница се однесува на државата Австралија. За други значења видете Австралија (појаснување).
Државна Заедница Австралија (англиски: Commonwealth of Australia) или само Австралија (Australia) — држава која се простира на австралискиот континент и на неколку околни острови. Најблиските соседни држави се Нов Зеланд и Индонезија. Главен град е Канбера.
Во Австралија има шест сојузни држави; Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија, Квинсленд и Тасманија и две територии; Австралиската престолнинска територија (АПТ) и Северната Територија.
Најголемите градови во Австралија се Сиднеј со над 4.300.000 жители, Мелбурн со над 3.800.000 жители, Бризбејн со над 1.800.000 жители и Перт со 1.500.000 жители.
Австралиските домородци го населуваат копното веќе 42.000 години. По спорните посети на рибарите од север и еропските истражувачи и трговци во XV...Read more
- Оваа страница се однесува на државата Австралија. За други значења видете Австралија (појаснување).
Државна Заедница Австралија (англиски: Commonwealth of Australia) или само Австралија (Australia) — држава која се простира на австралискиот континент и на неколку околни острови. Најблиските соседни држави се Нов Зеланд и Индонезија. Главен град е Канбера.
Во Австралија има шест сојузни држави; Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија, Квинсленд и Тасманија и две територии; Австралиската престолнинска територија (АПТ) и Северната Територија.
Најголемите градови во Австралија се Сиднеј со над 4.300.000 жители, Мелбурн со над 3.800.000 жители, Бризбејн со над 1.800.000 жители и Перт со 1.500.000 жители.
Австралиските домородци го населуваат копното веќе 42.000 години. По спорните посети на рибарите од север и еропските истражувачи и трговци во XVII век, Велика Британија ја запоседнала источната половина на островот во текот на 1770 г., каде државата праќала луѓе по казна во колонијата наречена Нов Јужен Велс, која е формирана на 26 јануари 1788 г. Како растел бројот на населението и како биле октриени нови територии во текот на XIX век биле формирани уште пет големи автономни британски прекоморски територии. На 1 јануари 1901 г., шест колонии ја формирале федерацијата по име Државна Заедница Австралија. Како федерација, Австралија воспоставила стабилен либералдемократски политички систем, останувајќи членка на Кралските земји на Комонвелт.
More about Австралија
- Currency Австралиски долар
- Native name Australia
- Calling code +61
- Internet domain .au
- Speed limit 50
- Mains voltage 240V/50Hz
- Democracy index 8.96
- Population 26473055
- Area 7692024
- Driving side left