Context of Филипини

Филипини, официјално Република Филипини — островска нација во Југоисточна Азија. Се состои од архипелаг со 7.641 остров на Висајските Острови кој се состои од три дела: Лузон, Висај и Минданао. Главниот град е Манила, додека најголемиот град е Кезон; двата града заедно ја формираат метрополитенската област Манила.

На север од Филипините преку Лузонското Море е Тајван; Виетнам се наоѓа на западната страна од Јужнокинеското Море; кон југозападот Сулското Море ги одвојува Филипините од островот Борнео, а Целебеското Море одделува од други индонезиски острови; кон исток излегува на Филипинското Море. Со оглед на тоа што се наоѓа во Пацификот и во близина на екваторот, Филипините се изложени на земјотреси и тајфуни, но изобилуваат со големи природни ресурси, што ги става меѓу земјите со најразновидна флора и фауна. Со површина од околу 300.000 км2, Филипините се 64. држава по големина во светот.

Филипините имаат 100 милиони жители, што ги прави седм...Read more

Филипините имаат 100 милиони жители, што ги прави седми во Азија и на дванаесеттото место во светот. Филипинската дијаспора е една од најбројните и се проценува дека околу 12 милиони Филипинци живеат надвор од матичната држава. Постојат многу етнички групи кои живеат на филипините. Првите жители биле Негритите кои се населиле уште во праисторијата. По нив, австронезијските народи пристигнале во неколку наоди. Во текот на вековите тука се населиле припадници на различни народи и нации, и за тоа придонела трговијата со кинезите, малајците, индијците и со исламските земји.

More about Филипини

Basic information
Population, Area & Driving side
  • Population 109035343
  • Area 343448
  • Driving side right

Where can you sleep near Филипини ?

Booking.com
489.221 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 48 visits today.