Context of Зимбабве

Зимбабве (шона: Zimbabwe; англиски: Zimbabwe) или службено Република Зимбабве (Nyika yeZimbabwe, Republic of Zimbabwe) — држава во Јужна Африка со главен град Хараре. Зимбабве се наоѓа помеѓу реките Замбези и Лимпопо. Зимбабве нема излез на море, а се граничи со Замбија и Мозамбик на север, со Мозамбик на исток, со Боцвана на запад и со ЈАР на југ. Според проценките на ООН, Зимбабве има население од над 16 милиони луѓе, од кои над 80% се Шони. Државата има 16 службени јазици, од кои најголем е шонски, а се користи и англискиот.

Уште од 11 век денешната територија на Зимбабве била управувана од различни организирани држави и кралства, а исто така областа била значаен трговски пат. Европската колонизација на Зимбабве започнала со британската колонизација на Јужна Африка и основањето на колониите Јужна Родезија (денес Зимбабве) и Северна Родезија (Замбија). Колонијата Јужна Родезија станала самоуправувачка британска колонија во 1923. Во 1965 го...Read more

Зимбабве (шона: Zimbabwe; англиски: Zimbabwe) или службено Република Зимбабве (Nyika yeZimbabwe, Republic of Zimbabwe) — држава во Јужна Африка со главен град Хараре. Зимбабве се наоѓа помеѓу реките Замбези и Лимпопо. Зимбабве нема излез на море, а се граничи со Замбија и Мозамбик на север, со Мозамбик на исток, со Боцвана на запад и со ЈАР на југ. Според проценките на ООН, Зимбабве има население од над 16 милиони луѓе, од кои над 80% се Шони. Државата има 16 службени јазици, од кои најголем е шонски, а се користи и англискиот.

Уште од 11 век денешната територија на Зимбабве била управувана од различни организирани држави и кралства, а исто така областа била значаен трговски пат. Европската колонизација на Зимбабве започнала со британската колонизација на Јужна Африка и основањето на колониите Јужна Родезија (денес Зимбабве) и Северна Родезија (Замбија). Колонијата Јужна Родезија станала самоуправувачка британска колонија во 1923. Во 1965 година, малата конзервативна и контроверзна бела заедница на Зимбабве имала целосна контрола врз државата и прогласила независност на Јужна Родезија под името Родезија, која била потоа именувана како Зимбабвејска Родезија, но за многу краток период. Самопрогласената држава била под меѓународна изолација и 15 години имало герилска војна со мнозинското црнечко националистичко население. Оваа војна завршила со потпишување на мировен договор и во април 1980 официјално Зимбабве била основана како независна држава. Денес државата е многу сиромашна поради лошата политика на водачите, а некогаш била именувана како „скапоцен камен на Африка“ поради просперитетот на земјата.

Роберт Мугабе станал премиер на Зимбабве во 1980 година, кога тогашната (а и денешна) владеачка партија ЗАНУ-ПФ победила на изборите. Со тоа се ставил крајот на доминацијата на малото бело население. Седум години Мугабе бил премиер, а во 1987 станал претседател, функција која ја извршува до денес. Мугабе вовел тоталитарен режим, има доминација во целокупното општество, прекршување на човековите права и силно и успешно деградирање на опозицијата. Мугабе сè уште има социјалистичка реторика од Студената војна и го обвинува западот за лошата економска ситуација на земјата. Државата има голем економски пад кој започнал уште во 1990-те и забележала хиперинфлација во скоро време со што се укинала и домашната валута.

Во ноември 2017 година низ државата се организирале протести против тоталитарниот режим на Мугабе. Како резултат на тоа се организирал еден вид државен удар од страна на воените старешини и Мугабе бил ставен во домашен притвор заедно со неговата сопруга. На 19 ноември 2017 година Мугабе бил, против неговата волја, сменет како водач на владеачката партија и заменет со Емерсон Мнангагва, кој пак се сметал за негов наследник на претседателската функција. Такви апсирации имала и неговата сопруга Грејс Мугабе.

Со стапувањето во водство на партијата, Мнангагва станал наследник на Мугабе на функцијата претседател на Зимбабве.

Where can you sleep near Зимбабве ?

Booking.com
490.012 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 61 visits today.