Андріївська церква

( Црква „Св. Андреја“ (Киев) )

Свети Андреја (украински: Андрiївська церква; руски: Андреевская церковь) — една од главните барокни цркви која се наоѓа во Киев, Украина. Црквата била изградена во периодот од 1747 до 1754 година, а како главен архитект бил избран Бартоломео Растрели.

Црквата се наоѓа во Подолскиот реон, на еден стрмен рид кој денеска се нарекува Андреевски рид. Од страна на една фондација од неодамна започнала кампања поради загриженоста дека основата на црквата може да се сруши доколку дојде до ронење на земјиштето.

Самиот христијански храм е посветен на Апостол Андреја, како првиот апостол кој бил пеизнат од страна на Киевска Русија. Според една од легендите, Андреја пристигнал во градот Киев и ги удрил темелите на идниот голем христијански град. На местото каде што тој, наводно подигнл крст, денеска се наоѓа катедрала посветена на апостолот.

Во 1086 година, големиот принц на Киев изградил на ова место една мала црква, а во 1215 година истата била пропир...Read more

Свети Андреја (украински: Андрiївська церква; руски: Андреевская церковь) — една од главните барокни цркви која се наоѓа во Киев, Украина. Црквата била изградена во периодот од 1747 до 1754 година, а како главен архитект бил избран Бартоломео Растрели.

Црквата се наоѓа во Подолскиот реон, на еден стрмен рид кој денеска се нарекува Андреевски рид. Од страна на една фондација од неодамна започнала кампања поради загриженоста дека основата на црквата може да се сруши доколку дојде до ронење на земјиштето.

Самиот христијански храм е посветен на Апостол Андреја, како првиот апостол кој бил пеизнат од страна на Киевска Русија. Според една од легендите, Андреја пристигнал во градот Киев и ги удрил темелите на идниот голем христијански град. На местото каде што тој, наводно подигнл крст, денеска се наоѓа катедрала посветена на апостолот.

Во 1086 година, големиот принц на Киев изградил на ова место една мала црква, а во 1215 година истата била пропирена. Сепак, црквата не ја преживеала инвазијата на Киевска Русија од страна на Монголските Татари во 1240 година. По ова, на темелите на тарата црква била изградена дрвена црква, која во 1725 година била срушена.

Денешниот изглед црквата го добил во времето на руската царица Елисавета, која решила да изгради летна резиденција во Киев, во чиј проект се нашла и изградба на црквата. Така, првиот камен темелник бил поставен токму од царицата. За главен архитект бил избран најпрвин Готфрид Јохан Шедел. Но неговиот проект бил одбиен од страна на Петроград, па бил прифатен проектот на Бартоломео Растрели.

Во 1815 година, во близина на црквата беснеела голема бура која предизвикала оштетување на истата. По ова, таа била реновирена. Во периодот од 1917-1953 година, таа била на повеќепати реновирена. Во 1932 година властите во СССР наредиле црквата да биде затворена.

Денеска, објектот е музеј.

Photographies by:
Moahim - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
3832
Statistics: Rank
30630

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
362915874Click/tap this sequence: 5327

Google street view

Videos

Where can you sleep near Црква „Св. Андреја“ (Киев) ?

Booking.com
489.963 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 12 visits today.