- Поврзано: Света Софија (појаснување)
Катедралната црква Света Софија (украински: Собор Святої Софії или Софійський собор) се наоѓа во Киев, Украина, и претставува исклучителен архитектонски споменик на Киевска Русија. Денеска, христијанскиот храм е еден од најпознатите во градот и место кое е вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со Киевско-печерската лавра. Целиот комплекс од катедралата вклучува неколку градби од кои најатрактивни се камбанаријата и Домот на митрополитот. Во 2011 година, историскиот комплекс преминал во надлежност во Министерството за култура на Украина. Една од главните причини за ова било тоа што овој комплекс и Киевско-печерската лавра се признаени од страна на УНЕСКО, а во Украина двата комплекса биле регулирани од различни државни органи.

Add new comment