Ваденско Море

Ваденското Море (холандски: Waddenzee, германски: Wattenmeer, долногермански: Wattensee/Waddenzee, дански: Vadehavet, западнофризиски: Waadsee) е крајбрежен појас во југоисточниот дел на Северното Море. Сместено е помеѓу брегот на северозападна континентална Европа и Фризиските Острови, образувајќи плитка водна површина со плитаци и мочуришта. Целото подрачје се одликува со голема биолошка разновидност. Во 2009, холандскиот и германскиот дел на морето биле прогласени за светско наследство на УНЕСКО.

Според стручњаците, Ваденското Море има еден од највидоизменетите брегови во светот како последица на човечките активности, што може да се забележи од системите од бразди и насипи на копното и ниските крајбрежни острови. Ваденското Море се протега од Ден Хелдер во Холандија на југозапад, ги одминува големите речни устија на Г...Read more

Ваденското Море (холандски: Waddenzee, германски: Wattenmeer, долногермански: Wattensee/Waddenzee, дански: Vadehavet, западнофризиски: Waadsee) е крајбрежен појас во југоисточниот дел на Северното Море. Сместено е помеѓу брегот на северозападна континентална Европа и Фризиските Острови, образувајќи плитка водна површина со плитаци и мочуришта. Целото подрачје се одликува со голема биолошка разновидност. Во 2009, холандскиот и германскиот дел на морето биле прогласени за светско наследство на УНЕСКО.

Според стручњаците, Ваденското Море има еден од највидоизменетите брегови во светот како последица на човечките активности, што може да се забележи од системите од бразди и насипи на копното и ниските крајбрежни острови. Ваденското Море се протега од Ден Хелдер во Холандија на југозапад, ги одминува големите речни устија на Германија и завршува кај северната граница на Скалинген, северно од Есбјерг во Данска. Овој потег има вкупна должина од 500 км и површина од околу 10.000 км2. Во рамките на Холандија, морето се граничи со езерото Ејселмер крај насипот Афслејтдејк.

Островите во морето се нарекуваат Ваденскоморски Острови или Фризиски Острови, кои го добиле името од месното население — Фризите. Меѓутоа, фризискиот јазик не се говори во најзападниот дански остров Тексел веќе со векови. Данските Ваденскоморски Острови никогаш немале фризиско население. Оддалечениот германски остров Хелголанд етнички е фризиски, но не се наоѓа во Ваденското Море.

Photographies by:
Mhaesen - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
1094
Statistics: Rank
214226

Add new comment

CAPTCHA
Security
962371584Click/tap this sequence: 9858
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Ваденско Море ?

Booking.com
8.723.843 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 9.981 visits today.