Хелголанд (германски: Helgoland; хелголандски фризиски deät Lun [„Земјата“]) — мал германски архипелаг во Северното Море.

Поранешни дански и британски поседи, островите се наоѓаат во Хелголандскиот Залив (дел од Германскиот Залив) во југоисточниот дел на Северното Море.

Островската група Хелголанд и Дине припаѓаат на Германија од 1890 година и денес се слободна општина во рамките на округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.

Овие острови се единствените германски острови на отворено море и се наоѓаат на околу три часа пловење од Куксхафен на устието на реката Елба.

Покрај официјалниот германски јазик, месното население, кои се етнички Фризи, го говорат и хелголандскиот дијалект, дел од севернофризискиот јазик, уште наречен и „халундер“ (Halunder). Хелголанд порано бил наречен Хајлигеланд (Heyligeland) или „света земја“, веројатно поради долгата поврзаност на островот со...Read more

Хелголанд (германски: Helgoland; хелголандски фризиски deät Lun [„Земјата“]) — мал германски архипелаг во Северното Море.

Поранешни дански и британски поседи, островите се наоѓаат во Хелголандскиот Залив (дел од Германскиот Залив) во југоисточниот дел на Северното Море.

Островската група Хелголанд и Дине припаѓаат на Германија од 1890 година и денес се слободна општина во рамките на округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.

Овие острови се единствените германски острови на отворено море и се наоѓаат на околу три часа пловење од Куксхафен на устието на реката Елба.

Покрај официјалниот германски јазик, месното население, кои се етнички Фризи, го говорат и хелголандскиот дијалект, дел од севернофризискиот јазик, уште наречен и „халундер“ (Halunder). Хелголанд порано бил наречен Хајлигеланд (Heyligeland) или „света земја“, веројатно поради долгата поврзаност на островот со богот Форсети.

Photographies by:
Torsten Kaiser 111 - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
532
Statistics: Rank
275670

Add new comment

CAPTCHA
Security
615387942Click/tap this sequence: 9129
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Хелголанд ?

Booking.com

What can you do near Хелголанд ?

9.003.874 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 1.213 visits today.