Белоградчишка крепост

( Тврдина Белоградчик )

Тврдина Белоградчик (бугарски: Белоградчишка крепост) е тврдина која се наоѓа во северозападниот дел на Бугарија. Се наоѓа непосредно над градот Белоградчик во дел од познатите Белоградчишки Карпи. Најстарата тврдина во регионот била изградена во периодот на Траките и Римското Царство. Античката крепост била проширена во Средниот век, а нејзиниот денешен вид е од периодот на доцната Отоманско Царство од почетокот на 19 век. За последен пат била користена како воен објект во 1885 година во текот на Српско-бугарската војна.

Планот на тврдината е сообразен со теренот и со карпите, високи повеќе од 70 метри. Има општо три внатрешни дворови. Најдолниот е со најголема површнина, вториот е помал и претставува врска од првиот кон третиот, а третиот е изграден меѓу највисоките карпи над вториот двор. Во дворовите постојат подземни тунели и магацини. Темелите на ѕидовите се дебели околу 2 метри, а нивната максимална висина е 12 метри. Вкупната површнина на комплексот е 10...Read more

Тврдина Белоградчик (бугарски: Белоградчишка крепост) е тврдина која се наоѓа во северозападниот дел на Бугарија. Се наоѓа непосредно над градот Белоградчик во дел од познатите Белоградчишки Карпи. Најстарата тврдина во регионот била изградена во периодот на Траките и Римското Царство. Античката крепост била проширена во Средниот век, а нејзиниот денешен вид е од периодот на доцната Отоманско Царство од почетокот на 19 век. За последен пат била користена како воен објект во 1885 година во текот на Српско-бугарската војна.

Планот на тврдината е сообразен со теренот и со карпите, високи повеќе од 70 метри. Има општо три внатрешни дворови. Најдолниот е со најголема површнина, вториот е помал и претставува врска од првиот кон третиот, а третиот е изграден меѓу највисоките карпи над вториот двор. Во дворовите постојат подземни тунели и магацини. Темелите на ѕидовите се дебели околу 2 метри, а нивната максимална висина е 12 метри. Вкупната површнина на комплексот е 10,210 м2. Крепоста е целосно прилагодена за одбрана со огнено оружје.

Денес е отворена за посети како туристички објект.

Photographies by:
Yanko Malinov - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
2040
Statistics: Rank
61260

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
458623197Click/tap this sequence: 3418

Google street view

Where can you sleep near Тврдина Белоградчик ?

Booking.com
489.099 visits in total, 9.195 Points of interest, 404 Destinations, 5 visits today.