Norra polcirkeln

( Северен Поларен Круг )

Северен Поларен Круг (или Арктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географската ширина од 66° 33′ 44″ (или 66.5622°) северно од екваторот.

Подрачјето северно од Северниот Поларен Круг се нарекува Арктик, а подрачјето веднаш на југ е северниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на јужната полутопка се нарекува Јужен Поларен Круг (Антарктички Круг).

Северниот Поларен Круг го бележи јужниот крај на поларниот ден (ден до 24-часовна дневна светлина) и поларната ноќ (ден со 24-часовен мрак). Северно од кругот, сонцето на два наврати годишно ја задржува истата положба во текот на 24 часа: еднаш над и еднаш под хоризонтот. На самиот поларен круг ова се случува точно по еднаш годишно, за време на јунскиот и декемврискиот сонцестој. Поради атмосферското прекршување на светлината и поради тоа што сонцето е тело, а не точка, дел од полноќното сонце се гледа навечер за време на северната летна до...Read more

Северен Поларен Круг (или Арктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географската ширина од 66° 33′ 44″ (или 66.5622°) северно од екваторот.

Подрачјето северно од Северниот Поларен Круг се нарекува Арктик, а подрачјето веднаш на југ е северниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на јужната полутопка се нарекува Јужен Поларен Круг (Антарктички Круг).

Северниот Поларен Круг го бележи јужниот крај на поларниот ден (ден до 24-часовна дневна светлина) и поларната ноќ (ден со 24-часовен мрак). Северно од кругот, сонцето на два наврати годишно ја задржува истата положба во текот на 24 часа: еднаш над и еднаш под хоризонтот. На самиот поларен круг ова се случува точно по еднаш годишно, за време на јунскиот и декемврискиот сонцестој. Поради атмосферското прекршување на светлината и поради тоа што сонцето е тело, а не точка, дел од полноќното сонце се гледа навечер за време на северната летна долгодневица сè до околу 50′ (90 км) јужно од поларниот круг; истото важи и за северната зимска краткодневица, каде дел од сонцето може да се види сè до околу 50′ северно од кругот. Ова важи за морското ниво, а во повисоките предели границите се повисоки.

Положбата на Северниот Поларен Круг не е постојана, туку непосредно зависи од Земјиниот осен наклон, кој се менува во дијапазон од 2° во текот на период од 40.000 години, особено поради приливните сили што ги предизвикува орбитата на Месечината. Овој поларен круг моментално се движи на север со стапка од 15 м годишно.

Photographies by:
Rauenstein - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
8220
Statistics: Rank
4242

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
376458921Click/tap this sequence: 6181

Google street view

Where can you sleep near Северен Поларен Круг ?

Booking.com
489.190 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 16 visits today.