Polarsken

( Поларна светлина )

Поларна светлина (латински: aurora) — природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата. Таа е позната и како поларна аврора или колективно, како поларни светлини (аурори). Овие феномени обично се видливи помеѓу 60 и 72 степени северна и јужна географска ширина, со што се ставаат во рамките на Северниот и Јужниот Поларен круг. Поларните светлини настануваат подлабоко во поларните региони, но тие се реткост и често се невидливи за голо око.

На Северниот Пол овој ефект е познат како aurora borealis (или северна светлина), наречена по Аврора, римската божица на зората и старогрчкиот назив за северниот ветер, Бореј. Поларната светлина во близина на магнетното поле може за се забележи високо над Земјата, но гледано од поголема далечина, таа го ...Read more

Поларна светлина (латински: aurora) — природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата. Таа е позната и како поларна аврора или колективно, како поларни светлини (аурори). Овие феномени обично се видливи помеѓу 60 и 72 степени северна и јужна географска ширина, со што се ставаат во рамките на Северниот и Јужниот Поларен круг. Поларните светлини настануваат подлабоко во поларните региони, но тие се реткост и често се невидливи за голо око.

На Северниот Пол овој ефект е познат како aurora borealis (или северна светлина), наречена по Аврора, римската божица на зората и старогрчкиот назив за северниот ветер, Бореј. Поларната светлина во близина на магнетното поле може за се забележи високо над Земјата, но гледано од поголема далечина, таа го осветлува северниот хоризонт со зеленикав сјај или понекогаш со бледо црвена боја, па изгледа како Сонцето да изгрева од необична насока. Оваа светлина обично се јавува за време на рамнодениците. Низ историјата ѝ се давале голем број имиња. Крите (домородcки народ во Америка) овој феномен го нарекле "танцот на духовите". Во Европа, во средниот век се верувало дека поларните светлини биле знак од Бога.

Нејзината јужна двојничка, aurora australis (или јужна светлина), има слични својства и е видлива во јужните географски широчини на Антарктикот, Јужна Америка и Австралија.

Поларните светлини може да се забележат насекаде низ светот и на други планети. Тие се повидливи поблиску до магнетните полови на Земјата поради подолгите периоди на темнина и магнетното поле.

Современите прирачници за стилови препорачуваат имињата на метеролошките феномени, како што е аврора бореалис, да не се пишуваат со голема почетна буква.

Photographies by:
Wa17gs - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
1406
Statistics: Rank
86785

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
251467839Click/tap this sequence: 5275

Google street view

Where can you sleep near Поларна светлина ?

Booking.com
489.935 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 100 visits today.