Santiago de Compostela

( Сантјаго де Компостела )

Сантјаго де Компостела (шпански: Santiago de Compostela) — главен град на автономната заедница Галиција во Шпанија. Се наоѓа во северозападна Шпанија, во покраината А Коруња. УНЕСКО во 1985 година, стариот дел од градот го вклулчил во списокот на светско наследство. Во 2000 година градот бил прогласен за град на културата. Градот е седиште на галициската автономна влада. Овде се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа и светот, Универзитет Сантјаго де Компостела.

Во градот се наоѓа истоимената катедрала која е посветена на Апостол Јаков, како последната станица од т.н. Пат кон Сантјаго, којшто започнува од Јужна Франција. Според легендата, Свети апостол Јаков на Пиринејскиот Полуостров го “донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галиција, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година. ...Read more

Сантјаго де Компостела (шпански: Santiago de Compostela) — главен град на автономната заедница Галиција во Шпанија. Се наоѓа во северозападна Шпанија, во покраината А Коруња. УНЕСКО во 1985 година, стариот дел од градот го вклулчил во списокот на светско наследство. Во 2000 година градот бил прогласен за град на културата. Градот е седиште на галициската автономна влада. Овде се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа и светот, Универзитет Сантјаго де Компостела.

Во градот се наоѓа истоимената катедрала која е посветена на Апостол Јаков, како последната станица од т.н. Пат кон Сантјаго, којшто започнува од Јужна Франција. Според легендата, Свети апостол Јаков на Пиринејскиот Полуостров го “донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галиција, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година. Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791-842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот поклоник кој го поминал т.н. Пат до Сантјаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938-1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.

Photographies by:
- Public domain
Statistics: Position
4285
Statistics: Rank
85764

Add new comment

CAPTCHA
Security
354291687Click/tap this sequence: 5193
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Сантјаго де Компостела ?

Booking.com
8.780.810 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 3.425 visits today.