Ла Коруња (шпански: La Coruña) или А Коруња (галициски: A Coruña) — град во северозападна Шпанија, административен центар на покраината Ла Коруња од автономната заедница Галиција, Шпанија. Градот се наоѓа на брегот на Атланскиот Океан. Ла Коруња е вториот најголем град во Галиција. Градот бил престолнина на Галиција за да се премести во средниот век во Сантјаго де Компостела.
Градот зафаќа површина од 36,8 км2 и население од 243.349 (2006). Градот бил населен уште од најрани времиња. Во времето на Римјаните бил изграден светилникот односно Хераклевата кула. За првпат во шпаско време градот се споменува во XIII век.
Photographies by:
Statistics: Position
3018
Statistics: Rank
105163
Add new comment