Portrait of Adele Bloch-Bauer I

( Портрет на Адел Блох Бауер I )

Портретот на Адел Блох Бауер I (исто така познат и како „Дамата во златно“ или „Жената во златно“) — слика на Густав Климт, завршена помеѓу 1903 и 1907 година. Портретот бил нарачан од Фердинанд Блох Бауер, еврејски банкар и производител на шеќер. Сликата била украдена од нацистите во 1941 година и прикажана во Австриската галерија „Белверде“. Во 2006 година, по осумгодишни напори од наследниците на Блох-Бауер, сликата била вратена на семејството. Истата година била продадена за 135 милиони долари, во тоа време рекордна цена за една слика.

Овој портрет бил првиот од двете на кои била насликаха Адел Блох Бауер. Вториот, наречен Портрет на Адел Блох Бауер II бил завршен во 1912 година. Адел починала во 1925 година, и според нејзината волја, уметничките дела на Климт биле оставени во Австриската галерија „Белверде“, иако тие припаѓале на Фердинанд, а не на неа. По аншлусот на Австрија од страна на Нацистичка Германија, Фердинанд побегнал од Виена и се упатил...Read more

Портретот на Адел Блох Бауер I (исто така познат и како „Дамата во златно“ или „Жената во златно“) — слика на Густав Климт, завршена помеѓу 1903 и 1907 година. Портретот бил нарачан од Фердинанд Блох Бауер, еврејски банкар и производител на шеќер. Сликата била украдена од нацистите во 1941 година и прикажана во Австриската галерија „Белверде“. Во 2006 година, по осумгодишни напори од наследниците на Блох-Бауер, сликата била вратена на семејството. Истата година била продадена за 135 милиони долари, во тоа време рекордна цена за една слика.

Овој портрет бил првиот од двете на кои била насликаха Адел Блох Бауер. Вториот, наречен Портрет на Адел Блох Бауер II бил завршен во 1912 година. Адел починала во 1925 година, и според нејзината волја, уметничките дела на Климт биле оставени во Австриската галерија „Белверде“, иако тие припаѓале на Фердинанд, а не на неа. По аншлусот на Австрија од страна на Нацистичка Германија, Фердинанд побегнал од Виена и се упатил кон Швајцарија, оставајќи зад себе голем дел од своето богатство, вклучувајќи ја и неговата голема уметничка колекција. Сликата била украдена од страна на нацистите во 1941 година, заедно со остатокот од имотот на Фердинанд, по обвинението за даночно затајување против него. Средствата добиени од наводната продажба на уметнички дела, имот и неговиот бизнис со шеќер биле надоместени против даночното побарување. Адвокатот што дејствувал во име на германската држава му го дал портретот на Австриската галерија „Белверде“, тврдејќи дека ги следел желбите што Адел ги направила. Фердинанд починал во 1946 година.

Во 1998 година Хубертус Цернин, австриски истражувачки новинар, утврдил дека Галеријата „Белведере“ содржела неколку дела украдени од еврејските сопственици во војната и дека галеријата одбила да ги врати на нивните оригинални сопственици или да признае кражба. Една од внуците на Фердинанд, Марија Алтман, го ангажирала адвокатот Е. Рандол Шенберг за да поднесе тужба против галеријата за враќање на пет дела од Климт. По седумгодишна судска тужба, која вклучувала расправа пред Врховниот суд на САД, арбитражната комисија во Виена се согласила дека сликите биле украдени од семејството и дека треба да се вратат на Алтман. По добивањето на сликата, таа била продадена на стопанственикот и уметничкиот колекционер Роналд Лаудер, кој ја поставил во Нова Галерија во Њујорк.

Photographies by:
Gustav Klimt - Public domain
Statistics: Position
5178
Statistics: Rank
18378

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
864319275Click/tap this sequence: 8176

Google street view

Where can you sleep near Портрет на Адел Блох Бауер I ?

Booking.com
489.133 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 39 visits today.