Central Park
( Централен парк (Њујорк) )Централниот Парк или Централ Парк (англиски: Central Park) е јавен парк, кој се наоѓа во центарот на Менхетн, Њујорк, САД. На почетокот, во 1857 година, паркот се простирал на површина од 778 акри градско земјиште (денес изнесува 840 акри). Во 1858 година, Фредерик Лоу Олмстед и Калверт Вокс победиле на натпреварот за создавање на план со кој ќе се подобри и прошири паркот. Реконструкцијата започнала истата година, продолжила во текот на Американската граѓанска војна и била завршена во 1873. Паркот е најпосетуван градски парк во САД.
Во 1962 година паркот бил прогласен за национален историски белег. За паркот се грижи Организацијата за заштита на животната средина, која има склучено договор со градските власти. Оваа организација е непрофитна и придонесува со 83,5% од годишниот буџет на Централ Парк, кој изнесува 37,5 милиони долари. Организацијата вработува 80,7% од персоналот кој се грижи за одржувањето на паркот.
Add new comment