Zona arqueológica de Palenque

( Паленке )

Паленке (мајански: Bàak) — еден од најмоќните мајански градови и религиозни центри кој својот подем го забележал во VII век. Денес Паленке е значајно археолошко наоѓалиште во Мексико и еден од важните извори за проучување на преколумбовската мајанска цивилизација. По својот пад, градот бил проголтан од џунглата, но својот сјај повторно бил достапен за светската јавност по неговото откривање и реставрирање. Наоѓалиштето лежи во близина на реката Усумакинта во мексиканската сојузна држава Чијапас, околу 130 километри јужно од градот Кармен, на надморска височина од 150 метри.

Паленке бил град со средна големина, многу помал од останатите големи мајански градови Тикал или Копан. Сепак, и покрај големината, Паленке е дом на една од најдобрата мајанска архитектура вклучивајќи и скулптури, камени резби и украсни архитектонски елементи. Голем дел од историјата на Паленке била реконструирана со помош на хиероглифите кои се наоѓаат испишани на спомениците и градбите и де...Read more

Паленке (мајански: Bàak) — еден од најмоќните мајански градови и религиозни центри кој својот подем го забележал во VII век. Денес Паленке е значајно археолошко наоѓалиште во Мексико и еден од важните извори за проучување на преколумбовската мајанска цивилизација. По својот пад, градот бил проголтан од џунглата, но својот сјај повторно бил достапен за светската јавност по неговото откривање и реставрирање. Наоѓалиштето лежи во близина на реката Усумакинта во мексиканската сојузна држава Чијапас, околу 130 километри јужно од градот Кармен, на надморска височина од 150 метри.

Паленке бил град со средна големина, многу помал од останатите големи мајански градови Тикал или Копан. Сепак, и покрај големината, Паленке е дом на една од најдобрата мајанска архитектура вклучивајќи и скулптури, камени резби и украсни архитектонски елементи. Голем дел од историјата на Паленке била реконструирана со помош на хиероглифите кои се наоѓаат испишани на спомениците и градбите и денес историчарите имаат подетални информации за династиите кои владееле со градот во VII век, како и информации за соперниците на градот како што се Калакмул и Тонина. Најпознат владетел со Паленке бил Пакал Велики, чиј гроб бил пронајден и ископан во храмот со натписите.

Photographies by:
Metalecuador - Public domain
Statistics: Position
1372
Statistics: Rank
169764

Add new comment

CAPTCHA
Security
697213548Click/tap this sequence: 2666
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Паленке ?

Booking.com
9.001.605 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 4.087 visits today.