Октоберфест (германски: Oktoberfest) е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври. Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. По примерот на Минхенскиот настан, и други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави. Од 2007 година, „Октоберфест“ се одржува и во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение.

Минхенскиот Октоберфест традиционално се одржува шеснаесет дена, вклучувајќи ја и првата недела од октомври. Во 1994 година, како резултат на Германското обединување, распоредот бил изменет, така што оттогаш натаму, ако првата недела од октомври паѓа на први или втори октомври, тогаш фестивалот продолжува до трети октомври (Германскиот ден на обединување). Оттука, ако првата недела од октомври е на 1 октомври, фестивалот трае 17 дена, а ако е на 2 октомври,...Read more

Октоберфест (германски: Oktoberfest) е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври. Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. По примерот на Минхенскиот настан, и други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави. Од 2007 година, „Октоберфест“ се одржува и во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение.

Минхенскиот Октоберфест традиционално се одржува шеснаесет дена, вклучувајќи ја и првата недела од октомври. Во 1994 година, како резултат на Германското обединување, распоредот бил изменет, така што оттогаш натаму, ако првата недела од октомври паѓа на први или втори октомври, тогаш фестивалот продолжува до трети октомври (Германскиот ден на обединување). Оттука, ако првата недела од октомври е на 1 октомври, фестивалот трае 17 дена, а ако е на 2 октомври, тогаш тој трае 18 дена. Фестивалот се одржува во областа неречена ’’Theresienwiese’’, најчесто нарекувана ’’d’Wiesn’’, која го носи името на принцезата Тереза.

Посетителите исто така јадат огромни количини храна, најчесто традиционална храна како: ’’Hendl’’ (пилешко месо) , ’’Schweinsbraten’’(печено свинско месо) ,’’Haxn’’ (свинска коленица) , ’’Würstel’’ (колбаси) заедно со ’’Brezel’’ (переци), ’’Knödeln’’(компири или лебни кнедли) , ’’Käsespätzle ’’ (сирењаци) , ’’Reiberdatschi’’(компир – палачинки) , ’’Sauerkraut’’ или ’’Blaukraut’’(црвена зелка) со некои баварски специјалитети, како ’’Obatzda’’ (масно вариво зачинето со сирење и путер) и ’’Weisswurst’’ (бел колбас).

Photographies by:
Heribert Pohl --- Thanks for half a million clicks! from Germering bei München, Bayern - CC BY-SA 2.0
Statistics: Position
4674
Statistics: Rank
72491

Add new comment

CAPTCHA
Security
874925361Click/tap this sequence: 9885
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Октоберфест ?

Booking.com
8.716.722 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 2.860 visits today.