Schloss Neuschwanstein

( Нојшванштајн )

Нојшванштајн (германски: Schloss Neuschwanstein, во превод „нова лебедова карпа“) — замок изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларните туристички одредишта.

Лудвиг не примал посетители во неговите замоци, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста (делумно за да можат да се отплатат долговите во кои влегол кралот при изградбата). Оттогаш до денес замокот го имаат посетено над 50 милиони луѓе. Годишно Нојшванштајн добива 1,3 милиони посетители, со над 6.000 посетители дневно во текот на летото. Нојшванштајн се среќава во неколку филмови, а меѓу другот...Read more

Нојшванштајн (германски: Schloss Neuschwanstein, во превод „нова лебедова карпа“) — замок изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларните туристички одредишта.

Лудвиг не примал посетители во неговите замоци, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста (делумно за да можат да се отплатат долговите во кои влегол кралот при изградбата). Оттогаш до денес замокот го имаат посетено над 50 милиони луѓе. Годишно Нојшванштајн добива 1,3 милиони посетители, со над 6.000 посетители дневно во текот на летото. Нојшванштајн се среќава во неколку филмови, а меѓу другото послужил и како инспирација за замоците во забавните паркови Дизниленд на неколку локации во светот.

Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија, за разлика од блискиот замок Хоеншвангау, кој е во сопственост на поглаварот на семејството Вителсбаховци, моментално војводата Франц. Од 1990 г. наваму, баварската влада има потрошено преку 14,5 милиони евра за одржување на замокот, негово реновирање и посетителските услуги.

Photographies by:
Statistics: Position
569
Statistics: Rank
165832

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
923845761Click/tap this sequence: 1911

Google street view

Where can you sleep near Нојшванштајн ?

Booking.com
490.106 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 72 visits today.