महात्मा गांधी ( Махатма Ганди )

Мохандас Карамчанд Ганди (2 октомври 1869 – 30 јануари 1948) — истакнат водач на индискиот национализам во Британска Индија. Применувајќи ненасилна граѓанска непослушност, Ганди ја довел Индија до независност и поттикнал движења за граѓански права и слободи низ светот. Почесниот Махатма (на санскрит, со значење: „великодушен“, „достоинственˮ - за првпат е применет во 1914 година во Јужна Африка, - а сега се користи во целиот свет. Исто така него го нарекуваат Бапу (на гуџаратски јазик со значење: љубов кон „таткотоˮ, „татко“ во Индија.)

Ганди е роден и израснат во Хинду, во семејство кое потекнува од крајбрежјето на Гуджарт, Западна Индија и бил школуван во здружението „Инер Темплˮ (ˮInner Temple“), во Лондон. Тој бил првиот кој применил ненасилна граѓанска непослушност како иселен адвокат во Јужна Африка, во тамошната Индиска заедница за борба на човековите права.

Во 1915 година, по неговото враќање во Индија, Ганди се поставил за организирање на селаните, земјоделците и урбаните работници да протестираат против данокот за прекумерното земјиште и дискриминацијата. Во 1921 година, преземајќи раководство над Индискиот национален конгрес, Ганди водел национални кампањи за олеснување на сиромаштијата, зголемувајќи ги правата на жените, градејќи верско и етничко пријателство, стопирајќи го понижувањето на најниската каста во Индија но пред се, за постигнување на „Свараџˮ (ˮSwaraj“) или принцип на самоуправување.

Ганди одлично ги водел индијците во предизвикувањето на британското наметнување на данокот за солта со 400 км одење, наречен „Денди Салт Марч“ („Dandi Salt March“) во 1930 година, а подоцна во повикувањето на Британците да се откажат од Индија под кампањата „Августовското движење“ („Quit India“) во 1942 година. Во многу прилики, тој бил повеќепати затворен со години и во Јужна Африка и во Индија.

Ганди се обидел да применува ненасилство и вистина во сите околности и се залагал и другите да го прават истото. Тој живеел скромно во самостојно станбено заедништво и носел традиционално „дотиˮ и шамија, проткаена со рачно предиво на чекрек. Ганди јадел едноставна вегетаријанска храна, а исто така постел, како начин за самопречистување и за општествен протест. Сепак, визијата на Ганди која се темели врз религиозниот плурализам, била оспорена во почетокот на 1940-тите години, со новиот муслимански национализам кој барал посебна муслиманска татковина создадена во Индија.

Најпосле, во август 1947 година, Индија добила независност, но Британско-индиското Царство било поделено во две територии, помалата со хиндуско мнозинство, Индија и муслимански Пакистан. Уште толку преселените хиндуси, муслимани, и сики ги заземале своите места на нивните нови територии, и со тоа избувнало верското насилство, особено во Пенџаб и Бенгал.

Read more

Избегнувајќи ја официјалната прослава на независноста на Њу Делхи, Ганди ги посетил погодените области каде што се обидел да даде утеха. Во следните месеци, тој отпочнал неколку пости, за да ја потикне религиозната хармонија. Последниот од тие пости, отпочнат на 12 јануари 1948 година, на возраст од 78 години, исто така имало индиректна цел во притискањето на Индија да плати некој паричен капитал што се должел на Пакистан. Некои индијци помислиле дека Ганди бил премногу попустлив.

Помеѓу нив, бил Натурам Годсе, хиндуски националист, кој го убил Ганди на 30 јануари 1948 година со пукање на три куршуми во неговите гради. Махатма Ганди често, иако неофицијално, се смета за Татко на нацијата. Неговиот роденден, на 2 октомври, во Индија се празнува како, раѓањето на Ганди (ˮGandhi Jayantiˮ), кој е национален празник и во целиот свет, како Меѓународен ден на насилството.