Мавзолей Ленина

( Ленинов мавзолеј )

Ленинов мавзолеј — мавзолеј во Московскиот Кремљ, посветен на комунистичкиот револуционер Владимир Илич Ленин. Бил изграден по смртта на Ленин во 1924 година од страна на архитекот Алексеј Штусев и сè до 1989 година било едно од најважните места во Москва и СССР. Во почетокот мавзолејот бил изграден од дрво, по само шест денови по смртта на Ленин, за негово погребување. Во пролетта истата година бил изграден, повторно од дрво, поголем мавзолеј. Денешниот си вид објектот го добил во 1929-1930 година. Првите два саркофага за телото на Ленин биле дело на архитектот Константин Мелников.

Во времето на Втората светска војна и нападот на Нацистичка Германија, телото на Ленин било пренесено во Тјумењ, во денешниот Тјумењски земјоделски институт. Таму се задржило до 1945 година, кога по војната било сместено во саркофаг, чиј проект бил на Шчусев и вајарот Борис Јаковлев. Во периодот од 1953-1961 година, на ова место се наоѓало и телото на Сталин, по кое истото било погребано....Read more

Ленинов мавзолеј — мавзолеј во Московскиот Кремљ, посветен на комунистичкиот револуционер Владимир Илич Ленин. Бил изграден по смртта на Ленин во 1924 година од страна на архитекот Алексеј Штусев и сè до 1989 година било едно од најважните места во Москва и СССР. Во почетокот мавзолејот бил изграден од дрво, по само шест денови по смртта на Ленин, за негово погребување. Во пролетта истата година бил изграден, повторно од дрво, поголем мавзолеј. Денешниот си вид објектот го добил во 1929-1930 година. Првите два саркофага за телото на Ленин биле дело на архитектот Константин Мелников.

Во времето на Втората светска војна и нападот на Нацистичка Германија, телото на Ленин било пренесено во Тјумењ, во денешниот Тјумењски земјоделски институт. Таму се задржило до 1945 година, кога по војната било сместено во саркофаг, чиј проект бил на Шчусев и вајарот Борис Јаковлев. Во периодот од 1953-1961 година, на ова место се наоѓало и телото на Сталин, по кое истото било погребано.

Од неговата изградба, мавзолејот служел и како трибина на која се појавувале раководителите на советската држава. Од овде биле набљудувани церемониите кои се одржувале на Црвениот плоштад. Денеска, мавзолејот претставува голема туристичка атракција на Москва.

Photographies by:
Statistics: Position
603
Statistics: Rank
280775

Add new comment

CAPTCHA
Security
675841239Click/tap this sequence: 8297
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Ленинов мавзолеј ?

Booking.com

What can you do near Ленинов мавзолеј ?

8.807.107 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 9.501 visits today.