Храм Василия Блаженного

( Црква Свети Василиј (Москва) )

Покровска катедрала (руски: Собор Покрова) или попросто Катедралата Покровскиј, попозната како Катедралата на Св. Василиј Блажениот (руски: Собор Василия Блаженного) или Катедрала Св. Василиј е црква со повеќе конусни покриви карактеристични за руската црковна архитектура која што се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва и се смета за симбол на уникатната позиција на Русија помеѓу Европа и Азија.

Изградбата на црквата започнала во времето на Иван IV (познат и како Иван Грозни), во чест за освојувањето на Казанскиот хаганат. Изградбата започнала во 1555 година, а истата завршила во 1561 година. Таа била највисоката градба во Москва, сè до 1600 кога била изградена кулата на Иван Грозни. Во 1588 година била изградена на нејзината источна страна капела. Во дворот на комплексот се наоѓа бронзена статуа на Димитриј Пожарски и Кузма Мињин, кои ја обединиле својата армија во времето на полските походи кон Русија во т.н. Време на неволи. Во поче...Read more

Покровска катедрала (руски: Собор Покрова) или попросто Катедралата Покровскиј, попозната како Катедралата на Св. Василиј Блажениот (руски: Собор Василия Блаженного) или Катедрала Св. Василиј е црква со повеќе конусни покриви карактеристични за руската црковна архитектура која што се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва и се смета за симбол на уникатната позиција на Русија помеѓу Европа и Азија.

Изградбата на црквата започнала во времето на Иван IV (познат и како Иван Грозни), во чест за освојувањето на Казанскиот хаганат. Изградбата започнала во 1555 година, а истата завршила во 1561 година. Таа била највисоката градба во Москва, сè до 1600 кога била изградена кулата на Иван Грозни. Во 1588 година била изградена на нејзината источна страна капела. Во дворот на комплексот се наоѓа бронзена статуа на Димитриј Пожарски и Кузма Мињин, кои ја обединиле својата армија во времето на полските походи кон Русија во т.н. Време на неволи. Во почетокот статуата била поставена на Црвениот плоштад, но советската влада ја тргнала од таму поради одржување на парадите.

Photographies by:
sanil - CC0
Uwe Brodrecht - CC BY-SA 2.0
Uwe Brodrecht - CC BY-SA 2.0
Fumihiko Ueno - CC BY 3.0
Tsy1980 - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
5
Statistics: Rank
5416221

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
218743695Click/tap this sequence: 7614

Google street view

Where can you sleep near Црква Свети Василиј (Москва) ?

Booking.com

What can you do near Црква Свети Василиј (Москва) ?

489.798 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 49 visits today.