Etna

( Етна )

Етна (итал. Etna или Mongibello; лат. Aetna) — стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.

Таа е највисокиот вулкан во Европа надвор од Кавказ. Вулканот е висок 3.329 м иако врвот варира согласно ерупциите. Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Покрива површина од 1.190 км2 со површина на основата која зафаќа 140 км. Со тоа Етна е далеку поширока од трите активни вулкани во Италија, два и пол пати повисока од вулканот Везув. Само Теиде на Тенерифе (Шпанија) ја надминува во целиот Европско-Североафрикански регион, западно од Црното Море.. Во старогрчката митологија, смртоносното чудовиште Тифон бил заробен под оваа планина од страна на Зевс, бог на небото и на молњите и крал на боговите, а постојат легенди и дека ковачницата на богот Хефест исто така се наоѓала под вул...Read more

Етна (итал. Etna или Mongibello; лат. Aetna) — стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.

Таа е највисокиот вулкан во Европа надвор од Кавказ. Вулканот е висок 3.329 м иако врвот варира согласно ерупциите. Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Покрива површина од 1.190 км2 со површина на основата која зафаќа 140 км. Со тоа Етна е далеку поширока од трите активни вулкани во Италија, два и пол пати повисока од вулканот Везув. Само Теиде на Тенерифе (Шпанија) ја надминува во целиот Европско-Североафрикански регион, западно од Црното Море.. Во старогрчката митологија, смртоносното чудовиште Тифон бил заробен под оваа планина од страна на Зевс, бог на небото и на молњите и крал на боговите, а постојат легенди и дека ковачницата на богот Хефест исто така се наоѓала под вулканот.

Етна е и еден од најактивните вулкани во светот. Плодната вулканска почва го поддржува земјоделството, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.

Поради нејзината историја на поскорешните активности, планината Етна била прогласена за еден од Децениските вулкани од страна на Обединетите Нации. Во јуни 2013, Етна била додадена на списокот на УНЕСКО како една од светските природни наследства на човештвото.

Photographies by:
Statistics: Position
1203
Statistics: Rank
97008

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
716359824Click/tap this sequence: 2586

Google street view

Where can you sleep near Етна ?

Booking.com
489.223 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 50 visits today.