Context of Узбекистан

Узбекистан (узбечки: O‘zbekiston, Ўзбекистон), или официјално Република Узбекистан (O‘zbekiston Respublikasi, Ўзбекистон Республикаси) — држава во Средна Азија. Узбекистан се граничи со Казахстан на север и запад, со Киргистан и Таџикистан на исток и со Авганистан и Туркменистан на југ. Република Узбекистан е наследничка на Узбечката ССР. Узбекистан е една од туркиските држави во Азија.

Низ историјата територијата на Узбекистан била дел од неколку империи, меѓу кои Персија, Саманидската империја и Тимуридското царство. Регионот бил освоен и населен од Узбеци во раниот XVI век. Денес повеќето од узбекистанското население се Узбеци и зборуваат на узбечки јазик. Во XIX век територијата била присвоена од Руската Империја и во 1924 година станала составен дел од СССР. Узбекистан својата независност ја стекнала на 31 август 1991.

Економијата на Узбекистан се потпира на производството на стоки како памук, злато, ураниум и земен гас. Иако државата м...Read more

Узбекистан (узбечки: O‘zbekiston, Ўзбекистон), или официјално Република Узбекистан (O‘zbekiston Respublikasi, Ўзбекистон Республикаси) — држава во Средна Азија. Узбекистан се граничи со Казахстан на север и запад, со Киргистан и Таџикистан на исток и со Авганистан и Туркменистан на југ. Република Узбекистан е наследничка на Узбечката ССР. Узбекистан е една од туркиските држави во Азија.

Низ историјата територијата на Узбекистан била дел од неколку империи, меѓу кои Персија, Саманидската империја и Тимуридското царство. Регионот бил освоен и населен од Узбеци во раниот XVI век. Денес повеќето од узбекистанското население се Узбеци и зборуваат на узбечки јазик. Во XIX век територијата била присвоена од Руската Империја и во 1924 година станала составен дел од СССР. Узбекистан својата независност ја стекнала на 31 август 1991.

Економијата на Узбекистан се потпира на производството на стоки како памук, злато, ураниум и земен гас. Иако државата минува низ процесот на транзиција, сепак Узбекистан има контролирана економија, која често е причина за неинвестирање странски капитал во државата. По 1995 година државата забележала позитивни резултати од контролираната економија и транзиција. Узбекистанската политика за човековите права била под силна критика од меѓународните организации.

More about Узбекистан

Basic information
  • Currency Узбечки сом
  • Calling code +998
  • Internet domain .uz
  • Mains voltage 220V/50Hz
  • Democracy index 2.12
Population, Area & Driving side
  • Population 34915100
  • Area 448978
  • Driving side right

Where can you sleep near Узбекистан ?

Booking.com
489.353 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 180 visits today.