Шангај

Context of Шангај

Шангај (кин. 上海, пинјин: Shànghǎi) е еден од четрите „градови-покраини“ во Кина и најголем самостоен град во светот. Самиот град се наоѓа во провинцијата Џиангсу.

Шанхаj е најголемиот град во Кина. Населението му брои 13.271.000 жители, а заедно со околината брои 17.420.000 жители. Самиот град се состои од повеќе градски населби, а меѓу нив има и такви кои се делат на англиски, француски, американски, заедно со кинеската развиена архитектура. Се наоѓа на делтата на реката Јангцекјанг. Името „Шангај“ буквално означува „на море“. Градот го пресекува и реката Хуангпу. Во почетокот Шангај бил тивко риболовно гратче, но до почетокот на XX век Шангај станува најважниот град во Кина. Како трговски град е познат уште од 12 век, но дури по поразот на Кина во Првата опиумска војна (1839-1842) започнува да се отвора за европското население, поради кое брзо и се развива.

Шангај во даден момент дори се превраќа во третиот најголем финансиски центар во светот, по Њујор...Read more

Шангај (кин. 上海, пинјин: Shànghǎi) е еден од четрите „градови-покраини“ во Кина и најголем самостоен град во светот. Самиот град се наоѓа во провинцијата Џиангсу.

Шанхаj е најголемиот град во Кина. Населението му брои 13.271.000 жители, а заедно со околината брои 17.420.000 жители. Самиот град се состои од повеќе градски населби, а меѓу нив има и такви кои се делат на англиски, француски, американски, заедно со кинеската развиена архитектура. Се наоѓа на делтата на реката Јангцекјанг. Името „Шангај“ буквално означува „на море“. Градот го пресекува и реката Хуангпу. Во почетокот Шангај бил тивко риболовно гратче, но до почетокот на XX век Шангај станува најважниот град во Кина. Како трговски град е познат уште од 12 век, но дури по поразот на Кина во Првата опиумска војна (1839-1842) започнува да се отвора за европското население, поради кое брзо и се развива.

Шангај во даден момент дори се превраќа во третиот најголем финансиски центар во светот, по Њујорк и Лондон, и најнатоварениот трговски град од Далечниот Исток.

По доаѓањето на комунизмот во 1949 година, Шангај најмногу пострадува од тешките даноци поставени од страна на новата централна власт како и од навлегувањето на странски капитал, додека многу од "буржоаските" елементи во градот исчезнале.Со враќањето на пазарната економија во 1992 година, градот успева одново да ги надмине брзо развиените градови како Шенџан и Гуангџоу.

Во еден голем дел од градот странците оствариле голем суверенитет со помош на привилегии. Поради тоа на ова место се развиле големи националистички и револуционерни движења. Во 1927 година на чело дошле комунистите. За време на зазимањето на градот во 1937 година од јапонците исто така градот се здобил со многу последици.

Денес Шангај се смета за еден од моторите на кинеската економија и финанси. Шангај има и своите проблеми како големата имиграција и социјалната нерамномерност помеѓу бедни и богати.

Where can you sleep near Шангај ?

Booking.com
233.971 visits in total, 7.465 Points of interest, 323 Destinations, 36 visits today.