Context of Северна Кореја

Демократска Народна Република Кореја (корејски: 조선민주주의인민공화국) или позната како Северна Кореја е држава во Источна Азија која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров. Главен град на ДНР Кореја е Пјонгјанг, а службен јазик во државата е корејскиот јазик. ДНР Кореја се граничи со Кина на север и со Република Кореја на југ. Во крајниот северен дел има допирна точка и со Русија, преку реката Тумен.

Корејскиот Полуостров бил под управа на Корејската Империја сè додека истиот не бил заземен од Јапонија по Руско-јапонската војна во 1905 година. По 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, полуостровот бил поделен на две влијателни зони, односно јужниот дел бил под управа на САД, а северниот под Русија. Набрзо, двата окупирани дела создале свои владини тела и двете новосоздадени држави тврделе дека целиот полуостров е под нивна контрола што довело до Корејската војна во 1950 година. Оваа Корејска војна завршила со договор во 1953 година, но официјалн...Read more

Демократска Народна Република Кореја (корејски: 조선민주주의인민공화국) или позната како Северна Кореја е држава во Источна Азија која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров. Главен град на ДНР Кореја е Пјонгјанг, а службен јазик во државата е корејскиот јазик. ДНР Кореја се граничи со Кина на север и со Република Кореја на југ. Во крајниот северен дел има допирна точка и со Русија, преку реката Тумен.

Корејскиот Полуостров бил под управа на Корејската Империја сè додека истиот не бил заземен од Јапонија по Руско-јапонската војна во 1905 година. По 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, полуостровот бил поделен на две влијателни зони, односно јужниот дел бил под управа на САД, а северниот под Русија. Набрзо, двата окупирани дела создале свои владини тела и двете новосоздадени држави тврделе дека целиот полуостров е под нивна контрола што довело до Корејската војна во 1950 година. Оваа Корејска војна завршила со договор во 1953 година, но официјално двете држави се сè уште во војна бидејќи договорот кој го потпишале не бил мировен. В0 1991 година двете држави биле примени како членки на ООН.

ДНР Кореја е еднопартиски систем каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Корејската Работничка Партија. Владата на ДНР Кореја ја следи идеологијата на Џуче која се заснова на самоподршка и била елаборирана од поранешниот претседател Ким Ил Сунг. По неговата смрт, Ким Ил Сунг бил прогласен за Вечен претседтeл на Републиката. Истовремено, Џуче станала официјална државна политика кога се усвоил уставот од 1972 година, иако Кил Ил Сунг ја користел оваа идеологија уште од 1955.

По падот на Советскиот Сојуз, проследен со неколку природни непогоди во ДНР Кореја, државата се соочила со голем глад, што резултирал со смрт на 900.000 до 2 милиони жители. Соочувајќи се со оваа новонастаната ситуација, Ким Џонг Ил го усвоил Сонгунот или „воената политика“ за да ја зацврсти државата и владата. Иако официјално ДНР Кореја е социјалистичка држава, многу странски организации ја посочуваат како тоталитарно сталинистичко диктаторство со силен развиен култ кон Ким Џонг Ил и неговото семејство, проследено со најлоши човекови права во светот. ДНР Кореја е држава со најмногу војска во светот со околу 9.495.000 активен, резервен и паравоен состав. Покрај тоа, ДНР Кореја е држава со нуклеарно оружје и има активна нуклеарна програма. Поради таинственоста на владата и недозволувањето на слободен проток на странски лица во државата, ДНР Кореја се смета за најизолирана држава во светот.

Where can you sleep near Северна Кореја ?

Booking.com
489.022 visits in total, 9.195 Points of interest, 404 Destinations, 68 visits today.