Context of Гвајана

Ова е статија за државата во Јужна Америка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Гвајана (англиски: Guyana) или официјално Кооперативна Република Гвајана (Co-operative Republic of Guyana) е држава во свероисточниот брег на Јужна Америка. Поранешното име на Гвајана било Британска Гвајана што всушност била колонија и поради тоа денес е дел од англофонските држави. На исток, Гвајана граничи со Суринам, на југ со Бразил, на запад со Венецуела и Бразил и на север и северозапад излегува на Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Гвајана е 214.999 км2 каде живеат околу 772.298, главен град е Џорџтаун и службен јазик е англискиот јазик. Според површината, Гвајана е третата најмала држава во Јужна Америка, веднаш пред Уругвај и Суринам.

Територијата денес позната како Гвајана била откриена од европските доселеници во 1498 година и 500 години била спорна точка помеѓу Шпанија, Франција, Холандиј...Read more

Ова е статија за државата во Јужна Америка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Гвајана (англиски: Guyana) или официјално Кооперативна Република Гвајана (Co-operative Republic of Guyana) е држава во свероисточниот брег на Јужна Америка. Поранешното име на Гвајана било Британска Гвајана што всушност била колонија и поради тоа денес е дел од англофонските држави. На исток, Гвајана граничи со Суринам, на југ со Бразил, на запад со Венецуела и Бразил и на север и северозапад излегува на Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Гвајана е 214.999 км2 каде живеат околу 772.298, главен град е Џорџтаун и службен јазик е англискиот јазик. Според површината, Гвајана е третата најмала држава во Јужна Америка, веднаш пред Уругвај и Суринам.

Територијата денес позната како Гвајана била откриена од европските доселеници во 1498 година и 500 години била спорна точка помеѓу Шпанија, Франција, Холандија и Велика Британија. Денес, како резултат на британското влијание, е единствената држава во Јужна Америка дел од Комонвелтот на нациите. Својата независност Гвајана ја стекнала во 1966 година. Регионот „Гвајана“ низ колонијалната историја била поделена на неколку делови како: Шпанска Гвајана (источна Венецуела), Португалска Гвајана (северен Бразил), Британска Гвајана, Холандска Гвајана (Суринам) и Француска Гвајана.

Where can you sleep near Гвајана ?

Booking.com
8.749.819 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 2.779 visits today.