Антигва и Барбуда
Context of Антигва и Барбуда
Антигва и Барбуда (англиски: Antigua and Barbuda) — островска држава во Средна Америка. Државата е дел од островската група Мали Антили и западно од неа се наоѓа Карипското Море, додека источно е Атлантскиот Океан. Таа е составена од два поголеми острови Антигва и Барбуда и уште неколку други помали островчиња.
Вкупната површина на Антигва и Барбуда изнесува 442 км2 и има население од вкупно 85.632 жители. Населението е воглавно мешано од западноафриканци, Британци и Португалци. Јужно од државата се наоѓа зависниот островот Гвадалупе, југозападно се наоѓа зависната територија Монтсерат, западно се наоѓаат државата Свети Китс и Невис и зависната територија Свети Евстахиј и на северозапад се наоѓаат зависните територии Свети Вартоломеј и Свети Мартин. Службен јазик е англискиот јазик, додека главен град на државата е Сент Џон. Често месното население својата држава ја нарекува со поранешното име Вадади.